На ова слободно можеме да го додадеме и концептот на Honda, CB1100 TR, кој е еден од двата концепта на Honda Motor Europe кои имаа свое деби на EICMA 2016 (другиот концепт е Honda Africa Twin Enduro Sports). Овој концепт е создаден врз база на Honda CB1100 уличниот мотоцикл.
Од Husqvarna велат дека на EICMA мото шоуто свое деби ќе имаат два, нови, улични мотоцикли заедно со еден нов концепт мотоцикл. Знаеме дека еден од тие мотоцикли ќе биде Husqvarna 401 Vitpilen, Шведски бренд кој се базира на платформата на KTM 390 Duke.