BMW, Honda и Yamaha ги преземаат следните чекори во примената на паметната технологија.

BMW веќе долго време се наоѓа на самиот врв кај развојот на мотоциклите и продолжуваат да ги уриваат границите со нивната „ConnectedRide“ програма која има за цел да обезбеди свесност за позицијата на другите возила во сообраќајот се со цел да се намали бројот на судари.

connectedride 2

Најновиот концепт мотоцикл беше презентиран минатата недела. R1200RS кој беше претставен за време на мото конференцијата која се оддржа во Минхен на себе има голем број на додатоци кои имаат за цел да го намалат бројот на судари. Системот ги информира возачите за положбата на другите учесници во сообраќајот со помош на „Vehicle to Vehicle Communication (V2V )“ кој пак е поддржан од „D-GNSS (Differential-Global Navigation Satellite System).“

Конзорциумот кој е составен од BMW Motorrad, Honda и Yamaha има за цел да ја промовира безбедноста при возењето. Шефот на одделот за развој во BMW Карл Виктор Шалер изјави: „Нашата цел е да ја промовираме сеопфатната употреба на кооперативните безбедносни системи за мотоциклите со цел да ги искористиме нивните потенцијали како за зголемување на безбедноста така и за уживање во возењето. Ова е причината зошто ги покануваме и другите компании да се приклучат.“

На конференцијата исто така беа присутни и два други прототипи базирани на Honda CRF1000L Africa Twin и Yamaha Tracer 900.

Со оглед на тоа дека помеѓу 50 до 70 проценти од несреќите настануваат поради невнимание на возачите и каде 90 проценти од нив се автомобили кои удираат во мотоциклисти кои имаат право на претекнување, успехот на оваа работна група би можел да ја трансформира иднината на безбедноста при возењето.

Back To Top

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.