Ова што го гледате е Yamaha MT-10 SP 2017, новото издание на компанијата од Ивата. Овој мотоцикл е еден од поинтересните машини кои ќе дебитираат денеска на INTERMOT. Тоа е така поради тоа што Yamaha MT-10 директно ќе се судри со мотоциклите од истата класа на Европските брендови.
Нашите колеги од „NieuwsMotor “дојдоа до техничките спецификации на Honda CBR1000RR 2017. Според нив, новиот супербајк ќе има дополнителни 10 коњски сили, а и неговата тежина ќе биде зголемена за 15 килограми. Меѓу другите додатоци се и Öhlins полу-активната суспензија, различни модели на возење и контрола на тракцијата.