Претседателот на Хонда, г-н Таканобу Ито, официјално ја потврди работата на нов модел од Хонда кој се очекува да биде спортски мотор со V4 агрегат. Новиот модел треба да ја продолжи историјата на RC30, моделот кој беше претставен во 1987-та година и кој претставува вистинска тркачка машина легална за возење по улица.
Потсетување за третиот роденден на мото клубот „Рисови“ кои годинава во соработка со општината Прилеп го организираат мото фестивалот „Прилеп 2012“. Според програмата на дводневната забава не очекува навистина интересен настан, па не заборавајте, викендов сите во Прилеп.