- Напишано од: Motori.com.mk
Хонда го претстави CBR600RR 2013 на саемот „EICMA“ во Милано на кој присуствуваме и имавме прилика одблиску да се запознаеме со новиот модел. Видно изменетата предница беше најава дека инженерите во Хонда ги засукале ракавите и сериозно работеле на аеродинамиката, па затоа и главниот акцент беше ставен на подобрувањето за 6,5% во однос на претходниот модел.