Дебитирајќи со KTM E-Speed на Токиското мотошоу, Австриската компанија се чини дека повторно се заинтересира за електричните возила на две тркала.

KTM-E-Speed-electric-scooter-concept-08

Дебитирајќи со KTM E-Speed на Токиското мотошоу, Австриската компанија се чини дека повторно се заинтересира за електричните возила на две тркала.

Интересно е тоа што извршниот директор на KTM Стефан Пиерер, неодамна ја отфрли идејата за електрични моторцикли и изјави дека KTM ќе ги укине плановите за производство на електричениот крос мотор, KTM Freedie E.

И покрај оваа изјава, Австријците го подготвија електричниот скутер за производство, и изјавија дека KTM E-Speed и KTM Freeride E ќе бидат достапни кај Европските дилери на KTM за две години: KTM E-Speed E во 2015, а KTM Freeridi E во 2014 година.

„Ние веруваме во електричната мобилност на две тркала. Бидејќи крос спортот е нашата основна област, ние развивме E-Crosser, Freeride E, но ние исто така сме убедени дека урбаната мобилност може да успее во урбаните средини,“ изјави Харолд Плокингер, извршен член на управниот одбор за производство и развој на бизнисот во KTM.

„Поради многуте позитивни реакции што ги добивме по презентацијата во Токио, решивме да ги пренесеме резултатите од развојот на E-Cross моторциклот и на уличниот моторцикл. E-Speed е нашата интерпретација за моторцикл кој нема емисија на гасови и кој е наменет за градска употреба,“ продолжи тој,

Електричниот скутер ги има истите електрични компоненти како и електричниот крос мотор. Сеуште не е позната цената на KTM E-Speed електричниот скутер.

Back To Top