Мотоцикли

MV Agusta F3 800 доаѓа на почетокот на 2014

AN 800cc верзијата на MV Agusta F3 675 ќе се најде во продажба на почетокот на 2014 година.

Следете нè на:

 

f3-2014Изгледот на сегашната MV Agusta F3 675

AN 800cc верзијата на MV Agusta F3 675 ќе се најде во продажба на почетокот на 2014 година.

MV изјавија дека проектот е во тек и дека дека развојните модели се наоѓаат на последно тестирање. 

Три-цилиндричниот мотор на новиот модел веќе го има кај Brutale и Rivale и се смета дека новиот 800cc F3 ќе ја користи истата шасија како и актуелниот F3, со што времето за развој на овој нов модел ќе се сведе на минимум.

Овој супербајк кој ќе развива 140кс ќе биде директна конкуренција на моделите 848 на Ducati и GSX-R750 на Suzuki. Но сепак, додека овој модел биде промовиран, Ducati можеби веќе ќе го замени 848 со нов Panigale спортски мотоцикл.

Новиот F3 800 се очекува да го користи електронскиот пакет од фирмата MVICS, а исто така ќе има и АБС сопирачки.

Новиот модел се очекува да чини околу 14.000 евра.

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.