Во најновите гласини кои ги носиме од MotoGP, Honda ги отфрли информациите дека Лоренцо планира да се повлече од трките. Реагираа и на одлуката на Меландри кој реши дека е време да стави крај на кариерата.
Хорхе утре заминува на одмор за да собере сила за остатокот од сезоната но исто така и да размисли за иднината и дали е дојдено време да оди во пензија.
Џонатан Реа го започна WorldSBK викендот со заостанување од 16 поени на табелата. Но после победите, тој сега има предност од 24 поени во однос на Алваро Баутиста.
Валентино Роси е изненаден од брзината која ја имаше во Заксенринг: „Јас сум 20 секунди побавен во споредба со минатата година. Ова е многу тешко да се разбере. Мораме да ги промениме работите.“