MotoGP

Маркез: Не се потребни драстични промени

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Следете нè на:

 

Марк Маркез вели дека и покрај фрустрациите кои ги имаше на последните две трки, не се потребни драстични промени со оглед на тоа дека има удобна предност во генералниот пласман.

Марк Маркез вели дека и покрај тоа што на последните две трки, два пати губи во последниот свиок, тимот не треба да прави големи промени бидејќи има удобна предност во однос на ривалите. Возачот на Repsol Honda ја зголеми предноста на 78 поени откако го освои второто место на трката во Силверстоун. Неговиот најблизок ривал, Андреа Довициозо ја заврши трката уште во првиот круг. Маркез вели дека целта до крајот на сезоната му е секогаш кога е во можност да освојува поени. До крајот на сезоната остануваат уште седум трки.

Маркез вели дека повторно ќе се бори за победа на трката која овој викенд ќе се вози во Мисано.

„Тешко е постојано да сте конзистентни тука но оваа патека навистина ми се допаѓа“, изјави Маркез.„Не треба премногу да ризикуваме и да правиме големи промени. До крајот на сезоната важно ни е да освојуваме поени секогаш кога ќе можеме.“

 DSC4518

Шпанецот очекува на трката во Мисано главни ривали да му бидат Довициозо како и возачите на Yamaha бидејќи карактеристиките на патеката одговараат на нивните мотоцикли. Фабио Куартараро беше најдобар на последниот ден од тестот во Мисано а на првите седум места се најдоа возачи или на Ducati или на Yamaha.

Дводневниот тест Маркез го заврши на десетата позиција.

„Беше многу интересно на тестот во Мисано. Овој викенд ќе биде уште поинтересен бидејќи возачите беа изедначени . Во споредба со минатата година ќе бидеме компетитивни. Возачите на Yamaha беа многу добри. Довициозо иако не беше 100% подготвен сепак ќе биде брз.“

„Имаме добра предност во шампионатот и треба да останеме смирени.“

„Секако дека последниет две трки не беа најдобри но сепак сум задоволен особено од настапот на трката во Силверстоун. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Според зборовите на неговиот менаџер, легендариот Кенан Софуоглу, за Топрак веќе постои интерес од МотоГП тимовите.

По изјавата на шефот на Петронас тимот, дека Роси е жива легенда но тој не би сакал да дојде во тимот само за да се збогува со МотоГП, „Докторот“ денеска даде свое видување на ситуацијата.

На 7-ми јуни на патеката Орман крај Скопје ќе се одржи првата трка од шампионатот на Македонија во мотокрос.

Нашиот стандарден Africa Twin е одличен избор за сериозните оф роуд ентузијасти.

Со денешната одлука на Дорна се откажани трките во Германија (Захсенринг), Холандија (Асен) и Финска (КимиРинг).

90-та трка која требаше да се вози на патеката Асен на 28-ми јуни официјално е одложена.

Реклами

Листа на мото настани

  • 12 Јуни 2020 - 14 Јуни 2020
  • 12 Другари
  • Ваташа, Кавадарци

  • 19 Јуни 2020 - 21 Јуни 2020
  • Club house
  • Скопје, Водно

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.