MotoGP

Куартараро е возачот кој ќе го предизвика Маркез

„Ако има еден возач кој може да го предизвика Маркез, верувам дека тоа е Фабио.“

Следете нè на:

 

„Ако има еден возач кој може да го предизвика Маркез, верувам дека тоа е Фабио.“

Дебитантот Фабио Куартараро има најголеми шанси да го симне од тронот Марк Маркез. Барем така мисли Ерв Поншарал кој чувствува дека 20 годишниот возач веќе покажал дека има квалитет да биде најголем ривал на петкратниот шампион.

„Тој се уште не го прикажал најдоброто од себе и ако има некој што ќе може да го предизвика Марк, верувам дека тое а Фабио. И мислам дека и на Марк тоа му е јасно“, изјави Поншарал.

Првиот човек на Tech3 вели и дека токму поради таа причина голем број на тимови се заинтересирани тој да премине во нивните редови откако ќе му заврши договорот со Petronas Yamaha следната сезона.

Тимот Tech3 е со седиште на Француската ривиера, во близина на Ница, местото каде што Фабио порасна. Поншарал помогнал во кариерата на уште еден Куартараро, овој пат таткото на Фабио.

„Веќе некое време го знам Фабио а исто така го знам и неговиот татко.“

„Кога работев за Honda France во осумдесетите години, Етиен се тркаше а ние имавме задача да ги обезбедиме мотоциклите и резервните делови. Би рекол дека со неговиот татко се познаваме веќе 40 години.“

„Етиен отсекогаш бил луд по тркањето, како и многумина во Јужна Франција. Патеката Пол Пикард исто така помогна многу. Помеѓу Марсеј и Ница отсекогаш постоела група на луѓе кои го сакаат тркањето. “

„Како и кај многу фамилии, и тука Етиен сакаше неговиот син да се испроба во мотоциклизмот. Уште од првиот ден ни беше јасно дека Фабио не е само брз. Тој има посебен талент.“

Quartararo txt 1 10 09

После двете последователни титули кои ги освои во CEV Moto3, многумина сметаа дека тој ќе биде наследникот на Маркез кога на само 15 години стана дел од Гран При серијата. После две пол позиции и две места на подиумот во првата половина од сезоната, Фабио доживеа фрактура на раката и го напушти тимот Estrella Galicia по крајот на сезоната.

После тоа следуваа две неуспешни години. Повторно се врати во игра во 2018 година кога со Speed Up победи на трката во Каталуња.

„Кога прв пат се појави на патеката сите велеа дека тој ќе биде новииот Маркез. Во ред, имаше подеми и падови. Мислам дека тоа се должеше бидејќи беше многу млад и ги немаше вистинските луѓе околу него,“ вели Поншарал.

„Но сега има добар тим. Мотоциклот одговара на неговиот стил на возење и конечно го покажува потенцијалот кој го има.“

И покрај тоа што има послаб мотоцикл во споредба со Вињалес, Роси и Морбидели, Французинот веќе стигна до три пол позиции и три места на подиумот оваа сезона.

Поншарал смета дека тоа се должи на напорната работа.

„Мислам дека не се промени многу во споредба со минатата година. Потенцијалот отсекогаш бил тука.Минатата година победи на трката во Каталуња а потоа заврши на второто место во Асен. Можеше да се види дека е талентиран само разликата е што сега ги има сите потребни услови.“

Но и покрај тоа, Куартараро помалку на среќа дојде до место во Petronas Yamaha откако претходно се откажа Дани Педроса.

Откако не можеа да најдат веќе докажан возач, тимот Sepang се одлучи да му даде шанса на помлад возач кој ќе му биде тимски колега на Морбидели.

Поншарал се сеќава на состанокот со првиот човек на тимот, Разлан Разали, кога го охрабрил да му даде шанса и да ризикува со Куартараро.

„Заедно со Разлан во 2018 година ја гледавме трката во Асен. Му реков, види го овој возач. Треба да потпишеше договор со него!“

„Но тие веќе имаа разговарано со него. Очекував дека ќе биде брз, но не верував дека ќе постигне вакви резултати. Му кажав на Разлан дека нема да зажали за одлуката.“

„Мора да му се честита и на Разлан бидејќи е потребна голема храброст да потпишете договор со некој непознат возач. Можете да си замислите што велеле луѓето во Yamaha и Petronas.“

Quartararo txt 2 10 09

„Ова можам слободно да го кажам бидејќи тој никогаш не работел со мене. Самиот е заслужен за целиот успех. Ние само се познаваме, но нема ништо повеќе од тоа. Би сакал да имав можност да работам со него кога беше помлад но поради одредени причини тоа не беше возможно. “

„Но сакам да потенцирам дека тој се уште не го покажал целиот свој потенцијал и ако има еден возач кој ќе може да го предизвика Марк, верувам дека тоа е Фабио.“

„Марк има многу ривали, Довициозо е во врвна форма но неговото време изминува. Валентино веќе не е млад а за Маверик ќе видиме. Тој има уште време.“

„Но според мене, Фабио е единствениот возач кој може да му се спротистав на Маркез. И мислам дека тоа го знае и Марк. “

Куартараро не е единствениот Француски возач кој имал успешна дебитанска сезона. Јоан Зарко исто така успеа да стигне до неколку пол позиции и места на подиумот во својата прва година во MotoGP .

„Јохан исто така беше одличен пред две години. Но она што е интересно кај Фабио е што тој е многу млад и речиси да не прави никакви грешки.“

„Фабио е постојано брз. Уште од првиот тренинг па се до завршувањето на трката. Никаква разлика не му прават временските услови на патеката.“

„Плус, одлично се справува со притисокот. Многу често младите возачи кога ќе се најдат напред на патеката прават грешки. Истото им се случуваше и на Валентино и на Марк.“

Одличната форма на Куартараро веќе наговестува дека ќе биде еден од најбараните возачи во 2021 година. Сите големи тимови ќе имаат слободно место а ќе биде интересно да се види дали Куартараро ќе остане дел од Yamaha.

„Ќе биде интересно бидејќи Марк,  не Honda, во моментов доминира во шампионатот “, вели Поншарал.

„Но мислам дека сите тимови знаат дека Куартараро е правиот возач. Ќе биде интересно да се види како Yamaha ќе се справи со ова.“

„Доколку јас бев производител, сигурно ќе му понудев договор. Па после тоа ќе видиме што ќе се случи.“

„Сите шест фабрички тимови треба да сторат се што е во нивна можност и да се обидат да го доведат кај нив. Ќе биде интересно  и да се види што на крајот ќе одбере Фабио бидејќи досега не се нашол во ваква ситуација.“

„Ќе види многу нули во договорот. Многумина ќе му се додворуваат“.

Но во никој случај не смее да заборави што им се случи на Роси, Лоренцо и Зарко откако одлучија да си заминат од Yamaha.

„Мислам дека луѓето околу него внимателно гледаа како се одвиваа кариерите на Роси, Лоренцо и Зарко. Тоа и одговара на Yamaha“, потврди Поншарал.

Во моментов Куартараро е на осмото место во шампионатот.

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

На почетокот од месецов во Скопје се оддржа првиот Тренинг за безбедно управување мотоцикли во организација на мото клубот Безбедност.

Хорхе Лоренцо ќе се повлече од мото трките.

Валентино Роси дојде до моментот кога треба да одлучи  дали ќе ја продолжи MotoGP кариерата или ќе замине во пензија. Поранешниот ривал Макс Бијаџи има поинаква идеја.

Меморандумот ги поставува основите за нова земја да може да се приклучи на календарот.

EICMA не е само најдоброто место каде што можат да се видат најновите мотоцикли туку е и одлична можност за тимовите да ги престават своите нови возачи.

После 18 трки низ 15 различни држави, голем број на победи, возбудувања и Motul Super Fan настапи, дојдовме до финалната трка.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.