(Време на читање: 2 - 3 минути)


Победникот на трката во Силверстоун, Алекс Ринс, вели дека е мотивиран и подготвен за борба за првата позиција на трката која се вози овој викенд.  Откако се опорави од повредата на патеката се враќа Јоан Мир.

Алекс Ринс со голема мотивација заминува во Мисано каде што овој викенд ќе се вози трката од MotoGP серијата. После победата која ја постигна на патеката во Силверстоун, возачот на Suzuki се искачи на третото место во генералниот пласман и во моментов се наоѓа помеѓу возачите на Ducati, Андреа Довициозо и Данило Петручи.

После Британската Гран При трка, Ринс им се приклучи на останатите возачи и беше дел од дводневните тестирања на патеката во Мисано. Таму заврши на тринаесетото место но извозе голем број на кругови со поинаква шасија.

„Се чувствувам добро после одличната победа во Силверстоун“, изјави Ринс. „После тоа заминавме неколку дена во Мисано каде што се обидовме да направиме неколку подобрувања на мотоциклот. Навистина сум мотивиран во пресрет на трката. “

Шефот на тимот на Ринс, Мануел Казо, вели дека  патеката во Мисано има многу интересни делови.

„Тоа значи дека сетапот мора да биде балансиран. На некои делови мора да се направи компромис со цел да се извлече повеќе на останатиот дел од патеката. Откако ќе ги подесите сетинзите на мотоциклот, потоа морате да ги одберете и вистинските пневматици и да се адаптирате на условите на патеката.“

„Тракцијата е исто така важна а и аеродинамиката игра голема улога тука.“

„Нашиот мотоцикл е добар на одредени делови од патекта а мене омилен ми е третиот сектор. Таму можеш докрај да притиснеш на гаста.“

 DSC4512

После две недели отсуство поради повреда, на Ринс повторно ќе му се приклучи тимскиот колега Јоан Мир. Шпанецот настапи со GSX-RR на тестот во Мисано.

„Одлично е што повторно се враќам на патеката“ , изјави Мир чиј што најдобар пласнам оваа сезона е шестото место. „Се чувствувам посилно и со нетрпение чекам повторно да се појавам на патеката во петок. Се надевам дека ќе имам добар викенд.“

„Ми се допаѓа патеката во Мисано и во минатото тука имам постигнато добри резултати. Исто така помага и тоа што тестиравме тука во август.“

„Мисано може да биде добра патека за нас. Минатата година имавме добар настап. Алекс имаше добра трка и успеа да заврши на четвртото место. Добро е што и Јоан се враќа овој викенд“, изјави тимскиот менаџер Давиде Бривио.

„Се уште се свежи сеќавањата од трката во Силверстоун и ќе се обидеме да ги повторме истите перформанси. Се надевам дека ќе имаме добар крај на сезоната и дека на секоја трка ќе се бориме за место на подиумот.“

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: