Том Сајкс забележа двојна победа на пред последната рунда во Супербајк шампионатот на трката која се возеше во Франција на патеката Мањи-Кур.
Тимот на Пата Хонда во Супербајк шампионатот потврди дека следната година ќе ги задржи своите возачи Џонатан Реа и Леон Хаслам.
Официјалните лица на патеката Лагуна Сека во САД вчера со официјално соопштение потврдија дека повеќе нема да се организира МотоГП на оваа патека.
Победа за Лаверти на втората трка во САД која го искачи на втората позиција во генералниот пласман со заостанување од 23 бода зад Том Сајкс.
Марк Маркез дојде до шестата победа во шампионатот и со тоа остана на првата позиција во генералниот пласман на само четири трки до крајот.
Возачот на Кавасаки тимот во Супербајк шампионатот го зголеми водството во генералниот пласман со победата на првата трка која се возеше во САД на патеката Лагуна Сека.
Возбудливите квалификации на патеката Арагон во Шпанија не потсетија уште еднаш зошто во MotoGP се наоѓаат најдобрите светски мото возачи.
Марк Маркез забележа најбрзо време на вториот тренинг во Шпанија на патеката Арагон.
Страница 292 од 354