На денешната прес конференција во градот Џакарта возачите на Јамаха во МотоГП шампионатот, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси ја претставија новата Yamaha M1.

BeLgrq1CEAA23jX

На денешната прес конференција во градот Џакарта возачите на Јамаха во МотоГП шампионатот, Хорхе Лоренцо и Валентино Роси ја претставија новата Yamaha M1.

Церемонијата започна со прошетка на градоначалникот Јоко Видодо и Хорхе Лоренцо низ престолнината на Индонезија со точаци, за потоа на главната сцена да им се приклучи и Валентино Роси за претставувањето на новата Yamaha M1.

Новиот модел нема големи разлики во однос на претходниот, бојата е малку различна, овојпат со повеќе бели делови, а Јамаха сеуште останува без главен спонзор. Според зборовите на Лин Џарвис, главниот спонзор дополнително ќе се утврди, и ќе биде ставен на местото од сегашниот натпис Yamaha.

BeLbviBCUAAMtxA

Back To Top