МФМ во втората половина на февруари ќе го организира прогласувањето на најдобрите македонски мотоциклисти за 2012 и 2013 година.
МФМ во втората половина на февруари ќе го организира прогласувањето на најдобрите македонски мотоциклисти за 2012 и 2013 година.
Прогласување на најдобрите мотоциклисти за последен пат се случи на 30 март 2012 година, на церемонијата одржана во Роџер Пијано кога беа прогласени најдобрите за 2011 година. Од тогаш изминаа две сезони без прогласување, па затоа на годинешниот настан ќе бидат доделени признанија за најдобрите во 2012 и 2013 година.
Се очекува на церемонијата да бидат доделени признанија за најдобрите кросисти во класите МХ1, МХ2, МХ3 и МХ85. Кај ендуро натпреварувачите ќе бидат доделени признанија во класите Е1, Е2, Е3 и Т1. Во изминатите две години не се возеа шампионати во брзински мотоциклизам и скутери, па нема да има прогласување за нив, но ќе има признанија за најдобрите претставници на Македонија во Источно Европските натпреварувања.
Како што беше најавено во 2011, на натпреварувачите кои постигнале резултати на меѓународните трки ќе им бидат исплатени и парични награди согласно бодовите кои ги имаат освоено.