Оваа сезона во Супербајк е променето правилото за пол позиција, па така распоредот од „Tissot-Superpole“ ќе биде одреден според нов формат.

wsbk-istanbul-2013-113

Оваа сезона во Супербајк шампионатот е променето правилото за пол позиција, па така распоредот на „Tissot-Superpole“ ќе биде одреден според нов формат.

Во 2014 супер-пол позицијата ќе биде одредена со две сесии во траење од по 15 минути. Но за разлика од порано, од оваа сезона во игра се и резултатите од слободните тренинзи. Возачите ќе треба да се потрудат од самиот старт да дојдат до поволна позиција, да ја освојат супер-пол позицијата и двете трки во рундата да ги започнат од првата позиција.

Промените се направени со цел доближување на правилата и начините на бодување помеѓу двата нај популарни шампионати, Супербајк и МотоГП. Иако во моментот има премногу разлики, ФИМ се обидува да им ја олесни работата на стјуардите и организаторите на трките, а остава и простор за евентуално доближување во форматот на натпреварување помеѓу шампионатите.

 Нов формат за супер-пол позиција:

  • Само најдобрите 20 возачи од слободните тренинзи 1,2 и 3 ќе се борат за Супер-пол позиција
  • Десетте најбрзи влегуваат во Супер-пол 2, додека пак останатите се во Супер-пол 1
  • Најбрзите двајца од Супер-пол 1 ќе им се приклучат на 10-те возачи во Супер-пол 2
  • Сесијата во Супер-пол 1 трае 15 минути, па потоа следува пауза од 10 минути и веднаш продолжува Супер-пол 2
  • Во Супер-пол 2, 12 возачи ќе возат сесија од 15 минути во која ќе се одреди стартната листа

Според провизорниот календар, сезоната започнува на 23-ти февруари кога се вози рундата на патеката Филип Ајленд во Австралија.

Back To Top