Жоан Мир (Team Suzuki Ecstar) е Светски Шампион во MotoGP серијата во сезоната 2020.

После шест искачувања на подиумот и една победа на Европската Гран При трка, возачот кој доаѓа од Мајорка имаше 37 поени предност во пресрет на трката во Валенсија. Седмото место кое успеа да го одбрани во последниот свиок му ја обезбеди титулата. Мир стана првиот Moto3 шампион кој успеал да дојде и до титулата во премиерната класа. Воедно, ова е прва титула и за Suzuki по пауза од 20 години.

Joan Mir Champion txt 1 16 11

Патот на Мир до титулата почна во 2013 година за време на Red Bull MotoGP Rookies Cup, каде што се искачи на подиумот. Во 2014 година тој заврши на второто место во генералниот пласман. Во 2015-та тој цела сезона беше дел од FIM Moto3 јуниорскиот шампионат. Заврши на четвртата позиција но постигна четири победи и три пати се искачи на подиумот. До крајот на сезоната се бореше за титулата. Подоцна истата година, Мир дебитираше во Moto3 Светскиот Шампионат. Стартуваше од петнаесетата позиција но набрзо се проби напред на патеката и се бореше за шестото место. Шпанецот не ја заврши трката но сепак остави добар впечаток.

Joan Mir Champion txt 2 16 11

Целосно премина во Moto3 серијата во 2016 година и веднаш импресионираше. Веднаш освои поени а веќе во третата трка заврши меѓу првите шест возачи на патеката. Во Австрија стартуваше од пол позицијата и стигна до првата победа. Сезоната ја заврши на петото место и ја освои наградата за дебитант на годината. Шпанецот стана еден од фаворитите за титулата следната година. Не разочара и во првите две трки стигна до две победи.
Следуваа победи во Ле Ман и Каталуња а потоа три пати по ред триумфираше во Германија, Чешка и Австрија. Во Арагон ја имаше првата можност да дојде до титулата но не успеа. Но на патеката на Филип Ајленд беше незапирлив.

Откако се врати на патеката каде го имаше своето деби во серијата, Мир беше незапирлив, ја освои деветата победа во текот на годината и стигна до титулата.

Joan Mir Champion txt 3 16 11

Потоа седуваше премин во Moto2 серијата каде возеше за EG 0,0 Marc VDS.  Како дебитант во средната класа, Шпанецот продожи да импресионира и четири пати се искачи на подиумот. Сезоната ја заврши на шестото место и тоа го привлече вниманието на Suzuki. Тимот од Хамамацу му понуди место во нивниот MotoGP проект за сезоната 2019 а Мир прифати.

Првиот настап во Катар за возачот со број 36 беше одличен. Го освои осмото место. Потоа следуваше серија од неколку неуспешни трки. Во Муџело се врати на позицијата која носи бодови откако го освои дванаесетото место. Во Каталуња беше шести а после тоа следуваше низа на трки во кои завршуваше меѓу најдобрите осум возачи на патеката. Тоа заврши во Брно каде што Шпанецот излета надвор од патеката а поради повреда не настапи на трките во Австрија и Британија.

Joan Mir Champion txt 4 16 11

Откако се врати во Мисано, Мир продолжи со добрите настапи и сите трки ги извозе до самиот крај. Тоа го стави во добра пол позиција за следната сезона.

За време на претсезонските тестови многумина зборуваа за перформансите на Мир и Suzuki. Но неколку месеци подоцна, во Херез, дуото имаше тежок старт. Мир излета на Шпанската Гран При трка. На следната трка тој заврши на петото место и освои поени но после тоа не успеа да ја заврши трката во Брно. Се чинеше дека борбата за титуата за него е завршена, но тоа траеше кратко.

Joan Mir Champion txt 6 16 11

Од трката во Австрија, сите коцки како да се вклопија. Претходно, прв пат се искачи на подиумот во MotoGP а потоа имаше импресивен настап во Австрија. Во моментот кога Мир беше на лидерското место беше кренато црвеното знаме. Тоа го однесе на четвртата позиција но Мир не се откажа. Следуваа три подиуми по ред, Сан Марино, Емилиа Ромања и Каталонската Гран При трка. Се врати во борбата за титулата но потоа имаше тешок настап во Ле Ман каде што заврши на единаесетото место. Но не беше се загубено со огед на тоа дека и другите ривали, Фабио Куартараро и Маверик Вињалес, немаа успешен настап.

Joan Mir Champion txt 7 16 11

Арагон беше следна трка и Мир повторно се врати на подиумот, два пати завршувајќи на третата позиција. Го презеде водството на табелата и пристигна на Европската Гран При трка како главен фаворит за освојување на титулата. Сепак нешто недостасуваше.

А тоа беше првата победа во MotoGP. И покрај тоа што неколку пати беше многу блиску до победа, Шпанецот цела сезона не успеа да се израдува на првото место. Сето тоа се смени кога тимовите пристигнаа во Валенсија за прв пат во 2020-та година. Мир имаше импресивен настап, успеа да освои 25 поени и со предност од 37 бода влезе во претпоследната трка од сезоната.

Тоа беше тешка трка за него. Стартуваше од дванаесетата позиција но веднаш после стартот Шпанецот почна еден по еден да ги претекнува возачите кои беа пред него. На крајот заврши на седмата позиција и ја освои титулата во 2020 MotoGP Светскиот шампионат.

Joan Mir Champion txt 8 16 11

Статистика:

Мир најмногу пати се најде на подиумот (вкупно седум) и победи на Европската Гран При трка. Ова е прв пат после Кени Робертс Јуниор (девет), еден возач на Suzuki да освои седум подиума.

Тој е првиот возач на Suzuki (после Кени Робертс Јуниор) кој успеа да ја освои титулата. Во премиерната класа ова е седма титула која ја освојува возач на Suzuki.

Мир стана десетиот различен возач на Suzuki кој успеал да освои титула во некоја од сериите. Покрај него тука се: Кени Робертс Јуниор (500cc: 2000), Кевин Швантц (500cc: 1993), Франко Унчини (500cc: 1982), Марко Лучинели (500cc: 1981), Бери Шин (500cc: 1976, 1977), Дитер Браун (125cc: 1970), Ханс Џорџ Аншидт (50cc: 1966, 1967, 1968), Хју Андерсон (125cc: 1963, 1965; 50cc: 1963, 1964), Ернст Дегнер (50cc: 1962).

Мир стана првиот возач кој успеал да ја освои титулата во Премиерната класа откако претходно истото му успеало и во Moto3 серијата. Исто така тој е првиот возач кој успеал да ги освои титулите во Red Bull MotoGP Rookies Cup и во MotoGP.

Тој е четвртиот различен возач кој доаѓа од Шпанија и кој успеал да ја освои титулата. Тука се и Алекс Кривие (1 титула) , Хорхе Лоренцо (3 титули) и Марк Маркез (шест титули).

Со 23 години и 76 дена, Мир е седмиот најмлад возач кој успеал да стигне до титулата. На Француската ГП трка тој стигна до третиот подиум по ред и со тоа стана единственот возач на Suzuki на кој му успеало тоа после Кени Робертс Јуниор.

На Европската Гран При трка, Мир стигна до првата победа оваа сезона и стана шампион со најмал број на победи во текот на една сезона. Пред него тоа го направија Лесли Греем (1949), Умберто Масети (1950, 1952) и Ники Хејдн (2006). Тие имаа по две победи.

После Вејн Рејни во 1992 година, Жоан Мир е првиот возач кој успеал да ја освои титулата без притоа да освои пол позиција на една трка во сезоната

Joan Mir Champion txt 9 16 11

Жоан Мир: Ќе ми треба маку време за да ми стане јасна ситуацијата. Цел живот се борам за ова, откако имав десет години и никогаш не се откажав. Што можам да кажам сега? Можам да почнам да им се заблагодарувам на сите оние кои останаа со мене во текот на целиот овој период. Прво сакам да им искажам благодарност на мојата фамилија. Потоа се Suzuki кои ми дадоа можност да возам за нив во 2018 година. Сега, две години подоцна, јас сум шампион. Искрено не го очекував ова сега. Мислев дека до титулата ќе стигнам псле неколку сезони. Но ја освоивме титулата и многу сум среќен поради тоа.

Како се чуствуваше пред да почне трката?

„Можеби изгледав смирено но воопшто не се чуствував така. Бев многу нервозен што можеби и не е така лошо. Оваа година воопшто не беше лесна. Поради вирусот притисокот беше огромен, не само на патеката туку и дома. Но благодарение на тимот се заврши како што треба.“

Кога почна да веруваш дека можеш да ја освоиш титулата?

„Трката во Австрија беше првата на која бев навистина компетитивен. Веројатно после Мисано или Барселона. Тогаш ми стана јасно дека јас сум навистина брз и се обидов да го задржам тоа чувство. За мене, тоа беше моментот кога ми стана јасно дека можам да победам.“

Какво е чуството да станеш прв шампион на Suzuki по пауза од 20 години?

„Лично за мене, ова беше и причината поради која потпишав со Suzuki. Со секој тим е предизвик да ја освоите титулата но одуката која ја донесов беше навистина храбра бидејќи не очекував толкав потенцијал со мотоциклот веќе во втората година.“

Што ќе си помислеше ако за време на првата сезона од Moto3 серијата ти кажеа дека за четири години ќе бидеш MotoGP шампион?

„Би кажал дека тој што го мисли тоа е сигурно луд. Но трка по трка, година по година станував се побрз. Веројатно жртвувавме една година во Moto2, би сакал да поминев таму барем 2-3 сезони. Но донесовме одлука да преминам во MotoGP после само една сезона.“

Биографија:

First Grand Prix: Australia 2015, Moto3™
First pole position: Austria 2016, Moto3™
First podium: Austria 2016, Moto3™
First win: Austria 2016, Moto3™
Grands Prix: 85 (30 in MotoGP™)
Wins: 12 (1 in MotoGP™)
Podiums: 27 (7 in MotoGP™)
Pole positions: 2 (0 in MotoGP™)
Fastest laps: 6 (0 in MotoGP™)
World Championships: Moto3™ (2017), MotoGP™ (2020)

World Championship career:
2015: Moto3™ – Honda – 1 race – 0 points
2016: Moto3™ – KTM – 18 races, 144 points – 5th  
2017: Moto3™ – Honda – 18 races – 341 points – WORLD CHAMPION 
2018: Moto2™ – Kalex – 18 races – 155 points – 6th 
2019: MotoGP™ – Suzuki – 17 races – 92 points – 12th 
2020: MotoGP™ – Suzuki – 13 races – 171 points – WORLD CHAMPION

Back To Top