MotoGP

Yamaha потврди дека Кал Кратчлоу ќе биде нивен тест возач во сезоната 2021

Британскиот возач следната сезона повторно ќе настапи за тимот од Ивата.

Следете нè на:

Британскиот возач следната сезона повторно ќе настапи за тимот од Ивата.

Yamaha Motor Co. Ltd. и Yamaha Motor Racing објавија дека искусниот MotoGP возач, Кал Кратчлоу ќе го засили тест тимот на Yamaha Factory Racing во сезоната 2021.

Почнувајќи од „shakedown“ тестот, закажен во Сепанг во периодот од 14-ти до 16-ти фебруари, Кратчлоу ќе вози со YZR-M1. Тој исто така ќе биде дел од официјалните IRTA тестови како и уште неколку други приватни настапи. Целта е да им се помогне на инжинерите на Yamaha да создадат што е можно подобар мотоцикл. Кратчлоу има 10 години искуство во MotoGP шампионатот каде настапи за три различни производители.

Доколку се покаже како неопходно, можно е да се искористи и вајлд-карта опцијата. Кратчлоу исто така потврди дека постои можност да замени некој од актуелните возачи доколку има потреба.

Кратчлоу и Yamaha долго време се познаваат. Британецот во 2009 година со тимот на Yamaha ја освои титулата во Суперспорт серијата. Потоа премина во Супербајк шампионатот каде десет пати се искачи на подиумот. Постигна три победи а сезоната ја заврши на петата позиција. Овој успех му ја отвори можноста да премине во MotoGP во сезоната 2011 со сателитскиот тим кој го имаше Yamaha во тој период, Monster Energy Yamaha Tech3. Тука ги помина првите три сезони од неговата MotoGP кариера.

Cal Crutchlow txt 2 13 11 2020

Yamaha Motor Co., Ltd. и Yamaha Motor Racing му се заблагодаруваат на досегашниот тест возач, Хорхе Лоренцо за неговата поддршка и соработка во текот на оваа тешка година. Иако поради одредени проблеми соработката не ги исполни зададените цели, почита меѓу двете страни останува непроменета. Yamaha му посакува на Хорхе голем успех во иднина.

Лин Џарвис, директор на Yamaha Motor Racing: „Прво, сакам да му посакам добредојде назад на Кал. Се уште се сеќавам кога прв пат ги посети нашите простории пред многу години. Уште тогаш пројави желба да напредува и во иднина да биде дел од MotoGP. После првичниот премин во Супербајк, тој помина три сезони со Monster Energy Yamaha Tech3 а потоа настапуваше за два од нашите најголеми ривали. Ова големо искуство, заедно со неговиот искрен карактер сигурно ќе му бидат од голема корист на тимот.“

„Изминатава година се надевавме и очекувавме да ја исполниме програмата со Хорхе. За жал, поради коронавирусот моравме да ја стопираме тест програмата. Штета што не успеавме да ја исполниме целта. На Хорхе му посакуваме голем успех во иднина и му благодариме за соработката која ја имаше со Yamaha во изминативе години.“

Би можело да ве интересира

Островот Ман е сè само не прошетка низ паркот. John McGuinness Повторно со Honda на Isle of Man TT! Длабок наклон!

Денес на патеката Забел, Ст. Нагоричане се одржа третата и последна за оваа година трка во ендуро натпреварувањата. 

ОК Холивуд знае да не “отруе” со кованици создадени од имињата на познатите парови, но ја сфаќате аналогијата, нели? 

Можно ли е да се подобри моторот кој е ионака еден од најдобрите во среднотешката Adventure класа?

Откако кренаа голема галама по социјалните медиуми пред некоја недела, минатата недела потврдија дека не било се залудно. CFMoto го прикажаа во живо на саемот во Милано нивниот нов концепт SR-C21

Дали MotoGP е навистина најпосакуваниот мото шампионат меѓу возачите? 

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.