MotoGP

Втора последователна пол позиција за Лоренцо

Лошото време на патеката Мотеги не им дозволи на возачите да ги направат вообичаените тренинзи, па така нивното прво излегување на патеката всушност беа квалификациите.

Следете нè на:

 

99lorenzo 31z6843 originalЛоренцо не се предава, уште една пол позиција за шпанецот

Лошото време на патеката Мотеги не им дозволи на возачите да ги направат вообичаените тренинзи, па така нивното прво излегување на патеката всушност беа квалификациите.

Од Дорна се одлучија наместо стандардниот систем кој се практикува годинава од две квалификациски сесии да има една која ќе трае 75 минути, со што ќе им се дозволи на возачите да ги напрват потребните промени на моторите.

Лоренцо беше првиот возач кој забележа брзо време, за потоа само да го подобрува како се сушеше патеката. Маркез своето најдобро време го постигна во последниот летечки круг со што го потисна Хејден на третата позиција. Како и да е, за возачот на Дукати ова е најдобар резултат на квалификации по трката на Херез во 2012 година. Ова е одлична прилика за него да покаже дека е рано за пензионирање, иако следната година ќе вози за тимот Аспар наместо за Дукати.

Од вториот ред на утрешната трка ќе стартуваат Дани Педроса и Валентино Роси, а успешниот викенд за Дукати го потврди Андреа Довициозо кој забележа шесто време на квалификациите.

Поз.Бр.ВозачТимМоторКм/чВремеРезултат
1 99 Jorge LORENZO Yamaha Factory Racing Yamaha 293.8 1'53.471  
2 93 Marc MARQUEZ Repsol Honda Team Honda 301.5 1'54.129 0.658 / 0.658
3 69 Nicky HAYDEN Ducati Team Ducati 293.7 1'54.539 1.068 / 0.410
4 26 Dani PEDROSA Repsol Honda Team Honda 300.8 1'54.542 1.071 / 0.003
5 46 Valentino ROSSI Yamaha Factory Racing Yamaha 295.8 1'54.732 1.261 / 0.190
6 4 Andrea DOVIZIOSO Ducati Team Ducati 295.8 1'55.036 1.565 / 0.304
7 19 Alvaro BAUTISTA GO&FUN Honda Gresini Honda 299.6 1'55.135 1.664 / 0.099
8 6 Stefan BRADL LCR Honda MotoGP Honda 299.0 1'55.610 2.139 / 0.475
9 41 Aleix ESPARGARO Power Electronics Aspar ART 288.7 1'55.719 2.248 / 0.109
10 68 Yonny HERNANDEZ Ignite Pramac Racing Ducati 294.2 1'55.998 2.527 / 0.279
11 35 Cal CRUTCHLOW Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 293.7 1'56.058 2.587 / 0.060
12 21 Katsuyuki NAKASUGA Yamaha YSP Racing Team Yamaha 294.0 1'56.125 2.654 / 0.067
13 38 Bradley SMITH Monster Yamaha Tech 3 Yamaha 289.3 1'57.114 3.643 / 0.989
14 5 Colin EDWARDS NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 284.2 1'57.297 3.826 / 0.183
15 29 Andrea IANNONE Energy T.I. Pramac Racing Ducati 288.9 1'57.347 3.876 / 0.050
16 9 Danilo PETRUCCI Came IodaRacing Project Ioda-Suter 281.8 1'57.540 4.069 / 0.193
17 14 Randy DE PUNIET Power Electronics Aspar ART 281.7 1'57.715 4.244 / 0.175
18 7 Hiroshi AOYAMA Avintia Blusens FTR 287.6 1'57.994 4.523 / 0.279
19 70 Michael LAVERTY Paul Bird Motorsport ART 283.7 1'58.540 5.069 / 0.546
20 23 Luca SCASSA Cardion AB Motoracing ART 281.9 1'58.802 5.331 / 0.262
21 71 Claudio CORTI NGM Mobile Forward Racing FTR Kawasaki 282.3 1'59.617 6.146 / 0.815
22 8 Hector BARBERA Avintia Blusens FTR 284.4 1'59.646 6.175 / 0.029
23 50 Damian CUDLIN Paul Bird Motorsport PBM 280.5 2'00.982 7.511 / 1.336
  67 Bryan STARING GO&FUN Honda Gresini FTR Honda 274.9 2'02.712 9.241 / 1.730
  52 Lukas PESEK Came IodaRacing Project Ioda-Suter 277.9 2'02.932 9.461 / 0.220

Во генералниот пласман Маркез има предност од 18 бодови пред Лоренцо и 43 од Педроса. Возачот на Хонда доколку сака викендов да ја обезбеди титулата треба да победи на трката, а Лоренцо да заврши на третата позиција, во спротивно шампионот ќе биде одлучен на последната трка која се вози во Валенсија на 10-ти ноември. Доколку ја освои титулата Маркез ќе стане најмладиот осовојувач на титулата и по пауза од 35 години освојувач на титулата во својата прва МотоГП сезона.

Во недела трката започнува во 6 часот, а пренос во живо ќе има на СпортКлуб каналот. Стриминг како и до сега има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Извор: MotoGP.com

Би можело да ве интересира

„Ќе биде подобро за сите, секако тука е и Moto2 серијата, доколку го имаат овој нов стил на возење - Moto2 се доближи еден чекор поблиску до MotoGP  со новиот 765cc Triumph мотор“

„Коментарот кој го даде Алберто Пуиг предизвика реакција кај неговиот поранешен MotoGP возач Дани Педроса“

„Сега откако си замина најлесниот возач во серијата, првиот човек на Ducati Џиџи Дал’Игна смета дека би било фер за сите доколку има минимална тежина“

„Дали возиме или одиме во вселената?“

Се чини дека постојано има некакви најави и новини во однос на иднината на Ducati, особено со неодлучноста на  Volkswagen AG дали сака да ја задржи компанијата или пак планира да ја продаде.

Аргентинската Гран При трка ќе остане на патеката „Termas de Rio Hondo“, која се наоѓа на северот на државата, уште најмалку три години откако беше продолжен договорот со првите луѓе на MotoGP. Ваквата одлука беше соопштена на прес конференцијата која се случи во Буенос Аирес на почетокот на неделата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.