Лош почеток на ГП викендот во Јапонија, наместо петочните тренинзи на патеката Мотеги, моторите од сите три класи останаа во боксовите заради маглата и поројниот дожд.

 31z5526 original

Лош почеток на ГП викендот во Јапонија, наместо петочните тренинзи на патеката Мотеги, моторите од сите три класи останаа во боксовите заради маглата и поројниот дожд.

Утринскиот слаб дожд беше пропратен со густа магла, но во 11 часот по локално време започна пороен дожд кој ги натера надлежните да ги откажат првите тренинзи во сите три класи. Иако сите очекуваа вторите петочни тренинзи да се возат подоцна од планираното, времето не го дозволи тоа па возачите останаа без ниту еден од планираните два тренинга.

Се очекува утре да биде објавен изменет распоред за тренинзите, а се надеваме дека Дорна нема повторно да излезе со некоја „брилијантна“ идеја како онаа на Филип Ајленд кога возачите беа обврзани да влезат во боксовите.

Во генералниот пласман Маркез има предност од 18 бодови пред Лоренцо и 43 од Педроса. Возачот на Хонда доколку сака викендов да ја обезбеди титулата треба да победи на трката, а Лоренцо да заврши на третата позиција, во спротивно шампионот ќе биде одлучен на последната трка која се вози во Валенсија на 10-ти ноември.

Според сегашниот план, утре на програмата се третиот и четвртиот тренинг со почеток во 03.55 и 06.30, а квалификациите почнуваат утрината во 07.35 по наше време. Во недела трката започнува во 6 часот, а пренос во живо ќе има на СпортКлуб каналот. Стриминг како и до сега има на http://www.sportcategory.com/c-10.html

Back To Top