Во текот на вчерашнито ден на Марк Маркез му била извршена втора операција во болницата во Барселона.

Откако било воочено дека титаниумската плочка која му беше претходно фиксирана почнала да попушта Д-р. Хавиер Мир и неговиот тим морале да извршат нова интервенција на раката на Маркез.

 DSC5567

„Пред 13 дена на Маркез му беше извршен оперативен зафат, но денеска мораше пак да се врати во операционата сала. Првата операција беше успешна, но она што не беше очекувано е дека таа титаниумска плочка нема да биде доволна. Заради стресот на тој дел плочката попуштила, па денеска моравме да ја отстраниме неа и да поставиме нова фиксација. Возачот не чувствувал болка во изминатиот период и тој правилно се придржувал до нашите совети. За жал стресот врз местото си го направи своето и моравме повторно да оперираме. Сега ќе треба да почекаме 48 часа пред да знаеме колкав ќе биде периодот на рехабилитација“ - изјави Д-р Хавиер Мир.

Иако докторот стои во одбрана на Маркез и неговата рехабилитација, факт е дека доколку не се обидеше да вози минатата трка неговата рака ќе претрпеше помалку стрес и можеби немаше да дојде до втора операција која со сигурност ќе го тргне од трката за ГН на Чешка која се вози викендов.

Back To Top