(Време на читање: 2 - 3 минути)


Валентино Роси го заврши првиот тест како возач на Petronas Yamaha на 20-тото место.

Кратко траеше медениот месец за Валентино Роси и Petronas Yamaha. Откако заврши на дваесетото место за време на вториот ден од тестот во Катар, Италијанецот вели дека тимот треба да се врати на почеток и да почнат да се движат по друг правец со цел да бидат подготвени за вториот и последен тест.

„Позицијата која ја освоивме не беше најдобра а исто така не сум задоволен и од времето кое го постигнав. Но денеска искрено не се чуствував добро на мотоциклот“, вели Роси. „Пред крајот на тестот за жал имав проблеми со мотоциклот и не можев да го нападнам најдобриот резултат.“

„Главен проблем е тоа што не бев доволно брз. Мораме заедно да ги погледнеме податоците и да пробаме нешто ново на следниот тест.“

42 годишниот возач кој првиот ден од тестирањето го заврши на четиринаесетото место додаде: „Имаме проблеми со пневматиците, со контактот на гумите со површината. Пробавме неколку работи но за жал тие се покажаа како неуспешни.“

„Имаме голем проблем и со забрзувањето. Во следните два дена ќе ги разгледаме податоците кои ги собравме и ќе се обидеме да бидеме конкурентни на следниот тест.“

Можеби она што најмногу загрижува е впечатокот на Роси за новата шасија.

„Ги користевме двете шасии. Мојот впечаток е дека новата шасија е многу слична со онаа која ја имавме минатата година кај фабричкиот мотоцикл. Таа не е многу слична со онаа од сезоната 2019. Може да се каже дека е нешто помеѓу. Но како возач, се чуствувам исто како на мотоцикот со кој настапував минатата сезона.“

Rosi Qatar txt 2

Маверик Вињалес изјави дека се уште не ја пробал новата шасија а Фабио Куартараро даде сличен одговор како и Роси.

„Се уште го немам истото чуство како во минатото но се надевам дека за брзо време ќе се појави. Работиме напорно и мислам дека шасијата кај мотоциклот од 2019-та година беше фантастична“, вели Французинот.

„Сакаме да се движиме по таа насока. Можеби се движиме по тој правец, но чуството се уште не е исто. Имаме уште неколку дена да се подобриме.“

Но и покрај резултатот, Роси вели дека е задоволен од брзината која ја покажале неговите колеги кои настапија со М1. „Денеска Куартараро и Маверик беа навистина силни а добар настап имаше и Франко.“

„Докторот“ вели и дека извозел и неколку круга со тест возачот на Yamaha, Кал Кратчлоу.

„Поминав неколку круга со Кал на почетокот на сесијата. Зборував со него но исто така зборував и со главниот механичар, Силвиано Галбусера. Двајцата ми кажаа некои интересни информации.“

„Тој е брз возач и има интересни идеи бидејќи долго време настапуваше со машината на Honda. Мислам дека многу ќе ни помогне.“

За прв пат откако е дел од MotoGP, Роси се најде зад Лука Марини.

„Зборував со него денеска. Тој е многу среќен. Добро вози и направи голем напредок во споредба со претходниот ден. Мислам дека ова беше позитивен настап за него“, вели Роси.

Последниот претсезонски тест во Катар почнува во Среда.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: