MotoGP

Резултати од 2021 MotoGP тестот во Катар

Какви резултати постигнаа возачите по завршувањето на последниот ден од тестот во Катар.

Следете нè на:

 

Какви резултати постигнаа возачите по завршувањето на последниот ден од тестот во Катар.

Фабио Куартараро и Yamaha беа најбрзи по завршувањето на вториот ден од тестот кој се оддржа во Лосаил. Французинот беше единствениот возач кој имаше време под 1 минута и 54 секунди.

Алеш Еспаргаро и Aprilia, на изненадување на многумина, беа лидери по завршувањето на првиот ден. Шпанецот имаше добар настап и во неделата и беше во водство во првите етапи. На крајот, само Куартараро и Џек Милер беа подобри од него.

Франко Морбидели, кој првиот ден го заврши на седмото место, сега се искачи на четвртата позиција со неговата Petronas машина која има А спецификации. Тест возачот на Honda, Стефан Бредл се најде меѓу најдобрите пет возачи.

Веднаш по  него следуваа возачот на Pramac Ducati, Јоан Зарко и тимскиот колега на Куартараро, Маверик Вињалес. Светскиот шампион, Жоан Мир го освои осмото место со Suzuki. Мигел Оливеира повторно беше најбрзиот возач на КТМ иако падна од петата на единаесетата позиција. Пол Еспаргаро пак го заврши првиот тест со Repsol Honda на дванаесетото место (+0.733).

Qatar Test 2 txt 1

Актуелниот Moto2 шампион, Енеа Бастианини, беше најдобар дебитант откако го освои 16-тото место за Avintia Ducati. Лоренцо Савадори (Aprilia) беше седумнаесети, Лука Марини (Avintia VR46) заврши на осумнаесетото место додека пак Хорхе Мартин (Pramac Ducati) беше деветнаесетти.

На големо изненадување, Валентино Роси се најде веднаш зад дебитантите и го освои дваесетото место. Неговиот сонародник, Данило Петручи, го освои 21-то место на неговиот прв тест за Tech3 KTM. Бред Биндер од Red Bull KTM беше 24-ти.

Со оглед на тоа дека беше откажан тестот во Сепанг, за голем дел од возачите ова беше прво појавување на патеката по трката во Портимао која се возеше минатиот ноември. Покрај главните MotoGP возачи, на тестот учествуваа и фабриките тест возачи, меѓу кои Стефан Бредл (Honda), Кал Кратчлоу (Yamaha), Дани Педроса (КТМ) и поранешниот Супербајк шампион , Силвиан Гинтоли (Suzuki).

Кратчлоу ги делеше М1 мотоциклите со Јапонските тест возачи Кацујуки Накасуга и Кота Нозане. Трите машини, кои ги вклучуваа 2019 (A-Spec) и 2020 (Factory-Spec) беа под ознаките '#T1', '#T2' и '#T3'. Под официјалното време беше означен само мотоциклот но не и возачот.

Тестовите се одржуваа секој ден од 14 до 21 часот а имаше и десет минутна пауза за вежбање на стартот на секоја трка. Тоа ни откри дека повеќе од тимовите сега имаат „start/holeshot“ уред .

Вториот и последен претсезонски тест ќе се оддржи на истата патека помеѓу 10-ти и 12-ти март.  Првите две трки од сезоната исто така ќе се возат во Лосаил. Првата трка е закажана за 28-ми март додека пак втората ќе се вози на 4-ти април.

2021 QATAR MOTOGP TEST TIMES - SUNDAY (FINAL)
    RIDER NAT TEAM TIME LAP
1 ^5 Fabio Quartararo FRA Monster Yamaha (YZR-M1) 1m 53.94s 52/59
2 ^2 Jack Miller AUS Ducati Team (GP21) +0.077s 57/57
3 ˅2 Aleix Espargaro SPA Aprilia Gresini (RS-GP) +0.212s 42/69
4 ˅2 Franco Morbidelli ITA Petronas Yamaha (YZR-M1) +0.213s 50/63
5 ˅2 Stefan Bradl GER Repsol Honda (RC213V) +0.270s 44/61
6 ^5 Johann Zarco FRA Pramac Ducati (GP21) +0.416s 51/55
7 ˅2 Maverick Viñales SPA Monster Yamaha (YZR-M1) +0.455s 55/66
8 ˅1 Joan Mir SPA Suzuki Ecstar (GSX-RR) +0.575s 45/48
9 ^3 Francesco Bagnaia ITA Ducati Team (GP21) +0.711s 48/48
10 ˅2 Alex Rins SPA Suzuki Ecstar (GSX-RR) +0.718s 25/49
11 ˅2 Miguel Oliveira POR Red Bull KTM (RC16) +0.726s 35/47
12 ˅2 Pol Espargaro SPA Repsol Honda (RC213V) +0.733s 25/62
13 ^1 Takaaki Nakagami JPN LCR Honda (RC213V) +0.750s 59/60
14 ˅1 Alex Marquez SPA LCR Honda (RC213V) +1.012s 32/53
15 ^2 Yamaha Test1 N/A Yamaha Test Rider (YZR-M1) +1.366s 30/35
16 ˅1 Enea Bastianini ITA Avintia Esponsorama (GP19)* +1.546s 35/45
17 ^7 Lorenzo Savadori ITA Aprilia Gresini (RS-GP)* +1.630s 38/41
18 ^4 Luca Marini ITA Sky VR46 Avintia (GP19)* +1.665s 47/48
19 ˅3 Jorge Martin SPA Pramac Ducati (GP21)* +1.692s 29/36
20 ˅2 Valentino Rossi ITA Petronas Yamaha (YZR-M1) +1.768s 35/50
21 ˅2 Danilo Petrucci ITA KTM Tech3 (RC16) +1.855s 39/51
22 ˅2 Yamaha Test2 N/A Yamaha Test Rider (YZR-M1) +1.927s 20/20
23 ˅2 Iker Lecuona SPA KTM Tech3 (RC16) +1.933s 22/38
24 ˅1 Brad Binder RSA Red Bull KTM (RC16) +2.004s 23/41
25 = Dani Pedrosa SPA KTM Test Rider (RC16) +2.512s 32/53
26 = Sylvain Guintoli FRA Suzuki Test Rider (GSX-RR) +2.822s 26/45
27 = Michele Pirro ITA Ducati Test Rider (GP21) +3.955s 19/20
28 = Takuya Tsuda JPN Suzuki Test Rider (GSX-RR) +4.970s 16/25

Би можело да ве интересира

Шестата МотоГП трка во шампионатот се вози на легендарната патека Муџело во Италија.

Прва трка од Ендуро шампионатот за 2021 година, во организација на мото клуб Мото-Велес, Мотоциклистичка федерација на Македонија и Општина Велес.

По неколку месечни шпекулации, денеска Јамаха официјално го претстави новиот спортски мотор базиран на MT-07 платформата со име Yamaha R7.

Петтата трка од МотоГП шампионатот викендов се вози на патеката Ле Ман во Франција.

Motul е официјален партнер на мотоциклите Kawasaki во Германија и соработката помеѓу Motul и Kawasaki резултираше во целосно ново масло, развиено исклучиво за мотоцикли Kawasaki - Kawasaki Lime Green Edition Motul 10W-40 - сега достапно во Македонија!

Патеката Херез во Шпанија ќе биде домаќин на третата трка во сезоната. Во продолжение следува распоредот за сите сесии.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.