Валентино Роси можеби ја загуби MotoGP титулата во 2015 година под сомнителни околности, но сигурно е победник во другите аспекти од животот.

Неговата компанија, VR46 Racing Apparel, потпиша три годишен договор со Yamaha Factory Racing и со тоа стана официјален производител на Yamaha производи.

Во случај VR46 Racing Apparel да ви звучи непознато, ќе ви кажеме дека „Докторот“ не само што е еден од најдобрите возачи туку е и одличен бизнисмен. Тој исто така има и ресторан но бизнисот со облека му носи најголеми приходи.

Еден нтересен податок, Роси преку својата компанија произведува работи за многу MotoGP возачи меѓу кои се и Дани Педроса, Марк Маркез, Кал Кратчлоу, Скот Рединг и уште многу други имиња.

Top Racers VR46 Store

После инцидентот во Сепанг на крајот на сезоната 2015, Роси го загуби Маркез како потрошувач, но се чини дека после тоа доби многу по вреден договор.

Роси ќе произведува и дизајнира производи под знакот на Yamaha, а во овој договор влегуваат и работи надвор од MotoGP шампионатот. Всушност, Yamaha му ја довери целата палета на производи поврзани со тимот на VR46 Racing Apparel, а тоа значи голем бизнис.

Извршниот директор на компанијата Алберто Тибалди не го крие ентузијазмот. „Ние сме среќни поради партнерството со Yamaha и се надевам дека ова е само почеток на нашата соработка. Пасијата и посветеноста се само неколку од работите што се заеднички за двете компании. Овој договор е важна потврда за нас“, изјави Тебалди.

И директорот на Yamaha, Лин Џарвис исто така е среќен поради договорот. „Задоволни сме што потпишавме договор со едни од најдобрите производители во мотоспортот. Професионализмот и искуството на VR46 Racing Apparel ни даде сигурност дека ова ќе биде добро партнерство на долг рок. Тимот на Yamaha е среќен што ќе произведе нова палета на производи за нашите фанови низ светот.“

Без разлика дали Роси ќе се пензионира на крајот од оваа сезона (2016) или не, јасно е дека во Yamaha гледаат на него како на една од најголемите добивки што ги имале во изминативе неколу декади.

Back To Top