Еден ден по трката за ГН на Сан Марино, тимовите останаа на патеката Мизано за да го извршат тестирањето на новите мотори со кои ќе се натпреваруваат во 2014 година.
Еден ден по трката за ГН на Сан Марино, тимовите останаа на патеката Мизано за да го извршат тестирањето на новите мотори со кои ќе се натпреваруваат во 2014 година.
Тимот на Хонда го тестираше новиот мотор опремен со „Magneti Marelli“ делови, а Марк Маркез и Дани Педроса имаа позитивни коментари. Маркез со новиот мотор забележа време кое беше само 3 десетинки побавно од рекордот на стазата кој го постави во саботата. Маркез и Педроса во изјавите за медиумите велат дека има простор за повеќе подобрувања, но засега развојот е на вистинскиот пат.
Тимот на Јамаха исто така беше задоволен од тестирањето. Новата 2014 YZR-M1 се покажа одлично за време на сите 142 круга колку што возеа Лоренцо и Роси во Мизано. Освен новиот модел возачите на Јамаха тестираа и нови сетапи на постоечкиот мотор пред трката на Арагон која се вози следната недела.
Кал Крачлоу и Бредли Смит тестираа за тимот на Јамаха Теч 3, новата YZR-M1 претрпе неколку промени во параметрите пред да се покаже во вистинско светло, а на крајот тоа го потврди Крачлоу со поставеното четврто време на тестот. Возачите на Теч3 имаа прилика да тестираат и нова тврда компонента од Бриџстоун за која дадоа позитивни оценки.
|
Инженерите на сите тимови ќе се вратат во своите фабрики каде ќе продолжат со развој на новите мотори се до последниот тест кој ќе се одржи на патеката Валенсија еден ден по крајот на шампионатот.