“Ти и Стонер две години се шегувавте со мене за претекнувањето што го направив!” – Валентино Роси
“Ти и Стонер две години се шегувавте со мене за претекнувањето што го направив!” – Валентино Роси

За време на пресконференцијата после трката во Америка, Валентино Роси го обвини Ливио Супо,тимскиот менаџер на Хонда, за претекнувањето на Марк Маркез.
Дебитантот Маркез го помина Роси на легендарниот “S” свиок. Тој мина преку тротоарот и чакалот и повторно се врати на патеката.
Тоа беше главниот момент во трката и речиси е идентично на потегот што го направи Валентино Роси во борбата со Кејси Стонер во 2008 година.
Тогаш, Ливио Супо го предводеше тимот на Кејси Стонер, Дукати.“ Би сакал да зборувам со Ливио Супо за претекнувањето,”изјави Роси.“ Ти и Стонер две години се шегувавте со мене за претекнувањето што го направив. Што имаш да кажеш за ова што се случи денеска.”
Супо, кој седеш во публиката, одговори: “Ти благодарам на прашањето. Морам да кажам дека после неколку години ти се одолживме.”
“ Аха, во ред тогаш,”се насмеа Роси.
После претекнувањето, лидерот во Шампионатот Маркез го претекна и Стефан Брадл и ја оствари својата трета победа оваа сезона. Роси заврши на третото место.
“ Му кажав на Роси дека ќе му платам за авторските права,”изјави Маркез за претекнувањето.
“ Кога го погледнав видеото од 2008 година си помислив дека тоа е невозможно. Но кога се најдов во иста ситуација, малку ги отпуштив сопирачките бидејќи немаше доволно простор и поминав на истото место.”
“ Претекнувањето што го направи тој во 2008 беше одлично, но и моето е добро.”
“Тој скрати малку од патеката и затоа мора да биде дисквалификуван,”се насмевна Роси.
“Мислам дека во 2008 направив едно од најдобрите претекнувања- можеби и најдобро во историјата-а денеска Марк го направи истото. Знаете, кога правите ваков потег морате да ризикувате.”
“ Мислам дека е во ред да се прават вакви претекнувања и не треба да имаме проблеми со главните лица на трката.”

Маркез се согласи со тој коментар:”Не треба да го правите тоа секој круг, но еднаш во трката би било во ред.Треба да имаме малку поголема слобода, бидејќи луѓето сакаат да гледаат шоу.”

Коментари