Да се обидете да изброите колку пати поранешниот MotoGP светски шампион Кејси Стонер го променил своето мислење е навистина тешко.

stoner-test-honda

Да се обидете да изброите колку пати поранешниот MotoGP светски шампион Кејси Стонер го променил своето мислење е навистина тешко.

На почетокот на овој месец за speedcafe.com тој изјави: “ Сеуште не знаеме што сакаме да правиме но следната година дефинитивно ќе посветам повеќе време на мојата фамилија и на себеси.Дефинитивно сакам да забавам малку.”

MCN.com објави дека Стонер ќе учествува на дводневен тест во Мотеги наредниот месец и ќе вози Honda RC213V.

Според Британската интернет страна, Хонда сака да ги искористи информациите што ќе ги обезбеди Стонер за понатамошниот развојот на RC213V и на новиот моторцикл кој Хонда ќе го продава на заинтересираните тимови наредната сезона.

Стонер се повлече од натпреварувањето во 2012 година но и покрај тоа постојано има гласини дека тој повторно ќе се натпреварува.

Минатата недела Карло Пернат изјави дека Дукати сака да го ангажира за да им помогне околу развојот на моторциклот и за да победи на неколку трки. Сепак многумина не и веруваат на ова изјава.

Според MCN, Хонда изјавила дека Стонер нема да вози на трките на островот Филип или во Мотеги. Но бидејќи Австралиецот постојано го менува своето мислење,не веруваме многу во изјавата на Хонда.

Back To Top