Роси, кој имаше затегнати односи со Лоренцо, вели дека засега одлично оди соработката со новиот колега, а тоа го потврди и неговиот долгогодишен пријател и советник, Учио Салучи.

Сега откако долгогодишниот колега и ривал од гаражата на Yamaha си замина од тимот, деветкратниот Светски шампион Валентино Роси доби нов колега во Маверик Вињалес. Роси, кој имаше затегнати односи со Лоренцо, вели дека засега одлично оди соработката со новиот колега, а тоа го потврди и неговиот долгогодишен пријател и советник, Учио Салучи.

rossi sreken

Во интервју за MCN, пријателот на Роси вели дека и покрај тоа што сега е многу порелаксирано во гаражата на тимот, новиот колега на Роси сигурно нема да му го направи животот полесен. 

„Сега откако си замина Лоренцо, а во тимот пристигна Вињалес, атмосферата во тимот е фантастична. Тој е многу брз и млад возач. Мотоциклот треба малку да се подобри но сигурен сум дека има голем потенцијал.“

„Ќе видиме како тоа ќе го промени Вале бидејќи Лоренцо беше многу силен и имаше големо искуство. На Маверик можеби ќе му биде потребна една година за да научи. Тој е многу брз за време на тренингот но ќе видиме каков ќе биде за време на трката. Тој е петнаесет години помлад од Валентино. Можеби тоа е преголем предизвик.“

И додека многумина сметаат дека кариерата на Роси ќе заврши по истекот на актуелниот договор во 2018 година, шефот на VR46 Riders академијата вели дека никогаш не се знае што може да се случи кога Роси е во прашање.

„Имаме 37 години и сигурно дека треба да се пензионираме за две години. Но со Валентино никогаш не се знае.Зависи од тоа дали е брз или не. Но ако продолжи како минатата сезона, зошто би запрел? Ако тој прекине да вози, а зад него минатата сезона имаше 22-ца возачи,тогаш и тие треба да престанат да се натпреваруваат!“

Back To Top