Поминавме низ тежок период, кога на патеката имаше само 17 мотоцикли

Три кратниот светски шампион во премиерната класа, Хорхе Лоренцо, смета дека MotoGP се наоѓа во златна доба откако успеа да ги надмине проблемите со кои се соочуваше. Од 2012 до 2014 година, само три бренда официјално учествуваа во MotoGP што пак допринесе на патеката да се појават ефтини CRT/Open class машини.

PA2050522.0008

Но преминот на единечен ECU систем успеа да привлече шест фабрички тимови за сезоната 2017: Honda, Yamaha, Ducati, Suzuki, Aprilia и КТМ.

Тоа не ги подобрува само бројките. Минатата сезона рекордни девет возачи, кои претставуваа четири фабрики и шест различни тимови, успеаа да остварат барем по една победа во текот на сезоната.

„Ова е златен период,“ изјави Лоренцо за Crash.net.  „Поминавме низ тежок период, кога на патеката имаше само 17 мотоцикли.“

„Сега има 23 мотоцикли од кои 18 имаат големи шанси да победат на некој трка. Оваа сезона имавме девет различни победници. Во следната сезона дури три фабрики ќе имаат возачи кои освоиле титула. Ова е многу интересно за гледачите.“

Лоренцо, кој го напушти тимот на Yamaha и кој во новата сезона ќе вози за Ducati ќе се обиде на Италијанскиот тим да му ја донесе првата MotoGP титула по 2007 година.

Yamaha се уште може да смета на деветкратниот шампион, Валентино Роси, а дел од тимот ќе биде и Маверик Вињалес кој исто така најавува дека ќе се бори за титулата.

Honda е единствениот фабрички тим кој успеа да ги задржи двајцата возачи. Suzuki, кој го загуби Маверик Вињалес успеа да потпише договор со Андреа Јанон.

Aprilia и КТМ во својот тим исто така ќе имаат возачи кои успеале да се искачат на подиумот. 

Back To Top