(Време на читање: 1 - 2 минути)


Валентино Роси дебитираше со најновиот прототип на Yamaha.

За време на тестот во Брно, Валентино Роси ги комплетираше првите кругови со прототипот на 2020 М1. А со оглед на тоа дека Yamaha се обидува да ги стигне конкурентите, Роси е задоволен што уште во август може да ја испроба новата машина. Сепак, Италијанецот напоменува дека станува збор за првична верзија и дека нема премногу работи сменети.

„Ова беше добар ден. Имавме добар тест“, изјави Роси кој постигна шесто најбрзо време (+0.399). „Го испробавме и прототипот на новиот мотоцикл, но искрено, нема премногу нови делови. Моторот е малку поинаков а исто така има различни сетинзи на шасијата. Но ова е само прва верзија а очекувам да има промени и на следниот тест. “

„Добро е што тука со нас го имаме и новиот мотоцикл но исто така работевме напорно и на актуелната верзија.“ Главната разлика меѓу двата мотоцикли е кај моторот, во овој дел Yamaha заостанува во однос на Ducati и Honda.“

Но, во моментов, нема големи промени.

„Не чувствуваме некоја голема разлика“, изјави Роси во однос на моторот. „Но ова не е мотоциклот со кој ќе настапиме во сезоната 2020. Ова е само прототип. Ќе продолжиме да работиме на него но ни треба и малку повеќе време.“

 DSC4004

Во однос на шасијата Роси вели: „Ни треба подобар контакт со површината, особено со задниот дел. Затоа испробавме неколку различни сетинзи.“

„Понекогаш наоѓаме нешто добро а понекогаш нешто лошо. Имаме мал проблем со предното тркало и затоа мислам дека не чека уште работа.“

„Мислам дека тестот во Мисано ќе биде многу важен бидејќи тогаш ќе имаме неколку нови работи. Но во секој случај, ова беше позитивен ден.“

Rosi BrnoTest txt 06 08

Роси планира да ја прекине низата без победи која трае веќе две години.

Дизајнот на моторот не може да се промени во текот на сезоната а Yamaha веќе искористи една од промените кои може да ги направи во 2019 година.

Маверик Вињалес исто така го испроба новиот мотоцикл и постигна второ најдобро време, веднаш зад дебитантот Фабио Куартараро. Франко Морбидели го постигна третиот најдобар резултат.

Следната недела не очекува Гран При трката на Австрија.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: