MotoGP

Маркез: Се движиме по вистинската насока

Марк Маркез го искористи тестот во Брно да испроба многу нови работи. Вели дека тимот се движи по вистинската насока.

Следете нè на:

 

Марк Маркез го искористи тестот во Брно да испроба многу нови работи. Вели дека тимот се движи по вистинската насока.

Само еден ден по убедливата победа, Марк Маркез испроба многу нови работи на патеката во Брно и вели дека тимот се движи по вистинската насока. 26 годишниот возач постигна осмо најбрзо време и заостануваше 0.6 секунди зад резултатот на Фабио Куартараро а Шпанецот за време на тестот испроба нова шасија, поинаква аеродинамика како и нов сет на пневматици од Michelin.

„На крајот извозевме повеќе кругови отколку што планиравме, но во секој случај има многу работи кои сакаме да ги испробаме, особено гумите на Michelin. Но и самиот мотоцикл имаше неколку промени, пред се мислам на шасијата, аеродинамиката како и уште неколку други делови. “

 DSC4236

„На следните неколку трки ќе испробаме неколку интересни додатоци. Морам да признаам дека сум среќен и дека се движиме по вистинската насока.“

Во однос на новата шасија, актуелниот шампион вели дека таа е различна во однос на онаа со која настапи на слободните тренинзи во пресрет на трките во Заксенринг и Брно.

„Таа е многу слична со моменталната, но тимот сака да направи неколку модификации. Карактеристиките на двете шасии се многу слични и повеќе или помалку , јас и Кал имаме слични коментари. Тоа е навистина важно бидејќи на крајот имаме иста цел.“

 DSC5341 copy

Во Заксенринг, Маркез изјави дека новата шасија треба да помогне при вртењето.

„Се обидуваме да се подобриме во таа област, се обидуваме да не вршиме преголем притисок на предната гума. Се обидуваме да разбереме зошто треба толку многу да го навалиме мотоциклот. “

Маркез исто така го испроба и новиот, подобрен аеродинамичен пакет, оној со кој дебитираше неговиот тимски колега Хорхе Лоренцо на почетокот на сезоната.

„Тоа беше нов пакет и се чини дека е навистина позитивен. Сега треба само темелно да ги анализираат податоците. Но чувството на мотоциклот беше добро. “

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Марк Маркез вели дека е среќен што Романо Фенати повторно се бори за првото место.

Ова е мотоциклот со кој Џонатан Реа и Леон Хаслам победија на трката Suzuka 8-Hours.

Спортскиот директор на Ducati , Паоло Чиабати, ги објаснува причините зошто тимот за прв пат во својата историја се одлучи да настапи со четири мотоцикли кои имаат фабрички спецификации.

Тимскиот менаџер на Repsol Honda, Алберто Пуиг е среќен поради враќањето на патеката на Хорхе Лоренцо но не очекува тој да биде во врвна форма.

Листа на сите се познати договори кои возачи и тимовите ги имаат за 2020 година.

Лидерот на табелата Алекс Маркез ќе ја вози шестата сезона во Moto2 серијата.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Листа на мото настани

  • 24 Август 2019 - 24 Август 2019
  • Сè уште непознато
  • Прилеп

  • 31 Август 2019 - 01 Септември 2019
  • Патека Плевен
  • Долна Митрополија, Бугарија

  • 07 Септември 2019 - 09 Септември 2019
  • Република Македонија

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.