Марк Маркез не му дозволи на Бред Бејкер да го претекне и успеа да победи на Суперфиналето пред импресивниот Тони Елиас.

Марк Маркез не му дозволи на Бред Бејкер да го претекне и успеа да победи на Суперфиналето пред импресивниот Тони Елиас.

Марк Маркез ја заврши перфектната година со беспрекорна победа на Superprestigio. Новиот MotoGP шампион, кој доминираше на секоја од четирите трки пред финалето, беше во одлична форма. Но, сеќавањата дуелот кој го имаше со Бејкер во 2015 година, останаа.

marc marquez 2016 superprestigio barcelona steve english

Откако се најде на првото место пред крајот на првиот круг, победата на Маркез ниту еднаш не беше доведена во прашање. До крајот на трката тој ја оддржуваше разликата пред останатите возачи и на крајот заврши со предност од 0.7 секунди.

Мало изненадување претставува фактот дека токму Елиас беше оној кој се бореше со Маркез за првото место. Тој му предизвикуваше проблеми во текот на сите трки и на крајот заслужено се најде на второто место.

Бејкер, некарактеристично за него, не беше во добра форма и немаше одговор за Елиас. Откако на стартот на трката, успеа на кратко да го следи Маркез, на крајот тој сепак заврши со разлика од 4.5 секунди зад победникот.

Наместо да се бори за првото место, тој мораше да ја брани својата позиција од агресивниот Шарејре. Повеќекратниот светски супермото шампион на крајот падна во претпоследниот круг при обид да го претекне американецот.

Така Жерард Баило се најде на четвртото место пред Марсел Шротер и Феран Кардус, возачот за кој Бејкер изјави дека е реална закана за првото место. На крајот, Кардус покажа дека иако е доволно брз сепак не може да го издржи темпото во текот на сите 16 круга.

Со оваа победата Маркез сега е изедначен со Бејкер и двајцата имаат по две победи. Во петокот, три кратниот MotoGP шампион изјави дека одамна не вежбал на ваква патека и се чини дека тоа се покажа како одлична стратегија.

Back To Top