А сега нешто сосема различно. Еве едно интересно видео што ни го подготвија момците од Pramac Ducati за време на тестот во Херез. 

А сега нешто сосема различно. Еве едно интересно видео што ни го подготвија момците од Pramac Ducati за време на тестот во Херез. Во него можете да ги видите настапите на Скот Рединг и Данило Петручи на Шпанската патека. Видеото ни дава одличен приказ за сето она со кое се соочуваат возачите за време на една трка.

pramac ducati racing jerez test scott redding danilo petrucci

За сите оние кои велат „Никогаш не ја употребувам задната кочница“, десното стапало на Рединг има еден одличен туторијал за вас. Левото стапало на Петручи ни покажува како MotoGP возачите го менуваат правецот во пресрет на брзите свиоци, како го отпушта квачилото и ја остава електрониката да го направи потешкиот дел.

Ако внимателно гледате, можеби ќе научите некои нови трикови. Иако се сомневаме дека ќе го изгледате видеото само еднаш.

Back To Top