MotoGP

Шасијата на Yamaha се повеќе личи на онаа која ја има Морбидели

Yamaha одлучи да поправи некои од слабостите кај фабричкиот М1.

Следете нè на:

 

Yamaha одлучи да поправи некои од слабостите кај фабричкиот М1.

Разликата во перформансите помеѓу Франко Морбидели и возачите кои настапија со фабрички спецификации, Маверик Вињалес и Фабио Куартараро, кон крајот на минатата сезона, ги натера двајцата возачи да посакаат да настапат со постарата верзија на мотоциклот која има А спецификации.

Тоа особено го фрустрираше Куартараро, тимскиот колега на Морбидели во Petronas и лидер на табелата во еден период од сезоната. Тој инсистираше да има врвен мотоцикл како дел од преминот во Monster Yamaha.

Иако мотоциклот со фабричките спецификации стигна до четири победи, три за Куартараро и една за Вињалес, сепак тој не беше конзистентен во текот на целата сезона. Колку само за споредба, никој не освои повеќе поени од Куартараро, 81, во текот на последните шест трки. Тоа му овозможи на Италијанецот да се искачи на второто место веднаш зад шампионот, Жоан Мир.

2021 Monster Yamaha MotoGP Bikes 1

Во текот на истите шест трки, Вињалес освои 42 поени додека пак Куартараро имаше 19 бодови.

Главната видлива разлика кај мотоциклот со фабрички спецификации е променетата воздушна кутија која има задача да ја зголеми максималната брзина. Кон крајот на минатата сезона се појавија гласини дека Куартараро и Вињалес би можеле за време на претсезонските тестови да го побараат мотоциклот на Морбидели со цел да го споредат со нивните машини.

Останува да видиме дали тоа ќе се оствари а во меѓувреме се чини дека Yamaha ја слушнала пораката на нивниет возачи. Откако ги анализирале податоците од фабричкиот и од мотоциклот кој има А спецификации, од компанијата велат дека ќе се обидат да ја направат шасијата слична со онаа со која возеше Морбидели.

„Минатата сезона имавме три мотоцикли со фабрички спецификации и еден мотоцикл со А спецификации кој го користеше Френки. Кога Френки беше компетитивен, фабричките машини не беа, и обратно“, вели тимскиот менаџер Масимо Мерегали.

„Токму затоа Yamaha вложи дополнителен напор со цел да се најде подобар баланс помеѓу овие два мотоцикли. Воглавно, мислам дека се работи за шасијата“, додава Мерегали.

„Се сеќавам, на пример во 2016 година, имавме навистина солидна основа, мотоциклот беше добар на речиси сите патеки. Мотоциклот на Френки е сличен на тој.“

„Насоките кои ги презеде Yamaha за фабричкиот мотоцикл е тој да биде повеќе сличен во однос на шасијата на мотоциклот на Френки.“

21 franco morbidelli ita dsc6401.gallery full top md

„Имавме проблеми минатата година и понекогаш беше тешко да го адаптираме сетапот на секоја патека.“

„Најголем проблем минатата година ни беше конзистентноста. За мене тоа е главната цел оваа сезона.“

Роси, кој го замени местото со Куартараро, ќе им се приклучи на Вињалес и Куартараро и во иднина ќе продолжи да вози со мотоцикл кој има фабрички спецификации. Морбидели се чини дека ќе остане со А спецификации.

Yamaha не може да се сети кога последен пат подготвила толку многу нови делови.

Мерегали потврди и дека иако Yamaha (исто како и Suzuki), не им се приклучија на Honda, Ducati, Aprilia и KTM на некој од приватните тестови оваа година, сепак тие имаат многу нови делови кои ќе ги испробаат на официјалниот тест во Катар.

„Во Катар ќе донесеме голем материјал а плус ќе настапат и четирите возачи кои имаат договор со нас. Планот за тоа како ќе се одвиваат тестовите ќе биде поделен меѓу возачите.“

„На тестот во Катар ќе преставиме ново аеро тело. Овој додаток е дизајниран да исполни две цели: првата е да се обиде и да ја подобри брзината но исто така и ладењето бидејќи минатата година имавме многу проблеми со прегревањето.“

„Ќе работиме и на шасијата, на задната вилушка, ќе се обидеме да го подобриме управувањето како и балансот кој веќе го споменавме. Исто така развиваме и нов издув. Не можеме да вршиме подобрувања на моторот но се обидуваме да ги подобриме целокупните перформанси на мотоциклот.“

21 franco morbidelli ita dsc8179 2.gallery full top md

„Минатата година во Валенсија, Френки со неговиот мотоцикл имаше навистина добро забрзување. Таа област повторно се обидуваме да ја подобриме.“

„Со нашиот мотоцикл, возачот мора да ги искористи сите негови предности со цел да има подобро место на квалификациите. Ако треба да се бориш од задните редови, ќе треба да возиш на поинаков начин со мотоциклот а тој тогаш нема најдобри перформанси.“

„Првиот дел од трката е моментот кога Маверик треба најмногу да работи. Веруваме дека оваа година, со пакетот кој го имаме, тој ќе има дополнителна моќност за да биде брз уште од самиот старт на трката. Ова е уште една област на која работат нашите инжинери.“

Мерегали верува дека петте дена тестови во Катар ќе бидат доволни за да се покаже дали е најдено решение на проблемите.

„Минатата сезона, уште од моментот кога возачите ги одбраа спецификациите, постојано се жалеа дека имаат проблем со сопирањето и дека мотоциклот не сака да сврти.“

„Веројатни овие проблеми биле присутни уште на тестовите во Сепанг и Катар минатата година. Затоа мислам дека ако тој проблем не се појави во Лосаил, така ќе остане и во текот на целата сезона.“

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.