MotoGP

Данило Петручи: Минатата сезона следев многу мотоцикли на КТМ

Новиот возач на Tech3 KTM, Данило Петручи, е убеден дека RC16 ќе биде многу брз во новата сезона.

Следете нè на:

 

Новиот возач на Tech3 KTM, Данило Петручи, е убеден дека RC16 ќе биде многу брз во новата сезона.

Петручи, кој во изминативе шест сезони настапуваше за Ducati, почнува нова етапа во неговата кариера откако премина во Tech3.

Машините на КТМ и на Tech 3 се опремени со 90-degree V4 мотор. Иако Ducati е уникатен со употребата на Desmodromic вентилниот систем, КТМ е единствениот тим на патеката чиј што мотоцикл има челична, trellis, рамка и WP (наместо Ohlins) суспензија.

КТМ докажа дека таквата разноликост не преставува пречка за успех со тоа што победи на три трки минатата сезона. За разлика од нив, Ducati одлучи да ја прекине соработката со Петручи кој потоа потпиша договор со КТМ и имаше доволно време да ги научи предностите кои ги има новиот мотоцикл.

danilo petrucci 9 tech3 ktm factory racing motogp team presentation 2

„Да бидам искрен, минатата сезона многу често го следев мотоциклот, за време на загревањата, во текот на тестовите“, вели Петручи.

„Исто така, кога потпишавме договор, Мајк Лајтнер, тимскиот менаџер на КТМ ми кажа дека мотоциклот е многу лесен за прилагодување. “

„Минатата сезона внимателно ги следев возачите на КТМ и забележав дека иако имаат сосема различни стилови на возење, тие се многу брзи.“

„Многу ме изненади Бред Биндер кој уште од првата трка во Херез се одвои од останатите возачи. Но и другите беа многу брзи а тоа покажува дека машината може да одговара на неколку стилови на возење.“

„Секогаш е тешко кога морате да го промените мотоциклот после неколку сезони во еден ист тим но навистина ме интересира каков ќе биде крајниот резултат. Потпишав договор во јуни 2020, потоа го откажаа тестот на крајот на сезоната, следуваше откажување и на тестот во февруари. Затоа сега со нетрпение чекам да го пробам мотоциклот во март.“

Откажувањето на тестот во Сепанг, поради пандемијата со Ковид 19, значи дека Петручи сега ќе има само 5 дена во Катар за да ја научи машината пред да почне сезоната.

danilo petrucci 9 tech3 ktm factory racing motogp team presentation 3

Првите две трки се закажани на патеката во Лосаил а Петручи верува дека има доволно време да се запознае со RC16. Сепак, патеката во Сепанг е многу потешка кога станува збор за тестирање.

„Секако дека бев тажен што не можев да го пробам мотоциклот со ноември а особено жалам за тестот во Сепанг бидејќи таа патека е поинаква и е навистина тешка за сите возачи.“

„Времето е премногу топло и за време на попладневната сесија патеката е секогаш лизгава. Би можело да се каже дека условите таму се најтешки во шампионатот. Но исто така тука можете да видите и до каде е вашиот напредок.“

„Сега имаме само 5 дена. Мислам дека тоа е доволно особено ако првите две трки се возат на иста патека.“

„Но можеби таа не е најдобра за тестирање бидејќи за време на шампионатот може да се случат секакви сценарија. Времето не е премногу топло навечер и свиоците не се премногу тесни.“

danilo petrucci 9 tech3 ktm factory racing motogp team presentation

„Но мораме да се носиме со тоа. Ми се допаѓа патеката. Секогаш сум бил брз на тренинзите тука но никогаш не сум имал добра трка. Мислам дека е време тоа да се промени.“

Петручи, кој по еднаш победи во 2019 и 2020 година, сега има за цел да се приклучи на малата група на возачи кои имаат постигнато по една победа за два различни производители.

„Секако дека целта повторно ми е да победам а доколку тоа ми успее со КТМ, ќе значи дека имам барем по една победа со два различни производители, нешто што им успеало само на неколку возачи. Целта е голема и сакам да успеам во тоа“, вели Петручи.

Кога прв пат се спомна преминот на Петручи во КТМ, многумина мислеа дека тој ќе биде замена за Пол Еспаргаро во фабричкиот тим на КТМ.

Но наместо тоа, Мигел Оливеира премина во тимот и му се приклучи на Бред Биндер. Петручи пак ќе вози за Францускиот тим каде ќе биде тимски колега со младиот Икер Лекуона.

„Мислам дека нема предности или недостатоци. Мислам дека сите четири возачи се на исто ниво“, изјави Петручи во однос на преминот во Tech3 наместо во фабричкиот тим.

„За жал јас сум најстариот меѓу четирите возачи! Но исто така сум и најискусен. Имам возено и со други мотоцикли во MotoGP и мислам дека тоа искуство може многу да ми помогне. “

„Не гледам некаква голема разлика во споредба со фабричкиот тим. И ние сме фабрика а Tech3 минатата сезона победи на две трки. Ова е тим во кој отсекогаш сум сакал да се приклучам, особено бидејќи Ерв Поншарал бил секогаш добар со мене.“

„Мислам дека екипата е способна да постигнува победи и да се бори за подобар пласман. Можеби во минатото имало помал притисок кога настапувате за сателитски тим, но ако го имате истиот мотоцикл со фабричкиот тим тоа значи дека можете да се борите за подобар пласман. Затоа мислам дека притисокот е ист како и кај возачите од Red Bull. “

danilo petrucci 9 tech3 ktm factory racing motogp team presentation 1

После лошата сезона која ја имаше во Ducati каде заедно со Андреа Довициозо постојано се соочуваа со проблеми со задната гума, возачот со број 9 вели дека сега го има истиот ентузијазам како и кога прв пат почна да вози во MotoGP.

„Работам навистина напорно, поголемиот дел од денот ми е посветен на тренинзи и го имам истото чуство како кога прв пат се појавив во серијата “, вели Петручи. „Тоа е најважно.“

Откако се искачи од четиринаесетото на шестото место во периодот помеѓу 2016 и 2019 година, Петручи минатата година повторно падна на дванаесетата позиција. Единствено на подиумот успеа да се качи на трката во Ле Ман.

Би можело да ве интересира

Тимот на Сузуки го претстави новиот GSX-RR со кој Алекс Ринс и Жоан Мир ќе се натореваруваат оваа сезона во МотоГП шампионатот.

Aprilia планира повторно да се најде на врвот во суперспорт сегментот во 2021-ва година.

Презентацијата во Будимпешта ги постави темелите на новата трка која треба да се приклучи на календарот.

Франко Морбидели беше најголемото изненадување минатата сезона.

Во текот на летната пауза, Валентино Роси ќе одлучи дали и во иднина ќе продолжи со трките или ќе се повлече од натпреварувањето.

Шефовите на тимовите во Suzuki, Хозе Мануел Казо (Алекс Ринс) и Френки Карчеди (Жоан Мир), зборуваат за правилата на игра во гаражата.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.