(Време на читање: 1 минута)


„Сеуште не сме донеле одлука кога Лоренцо ќе се врати на патеката, но неговата екипа ќе биде во Лагуна и ќе биде подготвена.”

lorenco-fall

„Сеуште не сме донеле одлука кога Лоренцо ќе се врати на патеката, но неговата екипа ќе биде во Лагуна и ќе биде подготвена.”

Иако Хорхе Лоренцо објави дека нема да вози на следната трка, неговиот тим изјави дека одлуката не е конечна.

„Задоволни сме што операцијата на Хорхе заврши успешно и му посакуваме брзо закрепнување,” изјави тимскиот директор Масимо Мерагали.

„Сеуште не сме донеле одлука кога ќе се врати на патеката, но неговата екипа ќе биде во Лагуна и ќе биде подготвена.”

Актуелниот MotoGP шампион беше подложен на уште една операција на клучната коска, втора за две недели, откако ја оштети титаниумската плочка по падот што го имаше во петокот.

Но бидејќи и Дани Педроса исто така отсуствуваше од трката, Лоренцо има само единаесет поени помалку од лидерот Марк Маркез. Лагуна Сека е последната трка пред летната пауза.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: