(Време на читање: 1 - 2 минути)


Иако сеуште не се знае дали Хорхе Лоренцо ќе вози на Лагуна Сека, сепак едно нешто е јасно.

lorenzo-golema-laguna

Иако сеуште не се знае дали Хорхе Лоренцо ќе вози на Лагуна Сека, сепак едно нешто е јасно.

Јамаха и Лоренцо немаат исто мислење. Лоренцо објави на твитер: “За луѓето кои ме прашуваат за Лагуна Сека. Би сакал да ви кажам дека неќам да ризикувам и сакам побрзо да заздравам. Се гледаме во Инди!” Сепак, еден ден подоцна ,фабричкиот тим на Јамаха објави соопштение во кое се вели: “ Сеуште не е донесена одлука за тоа дали Лоренцо ќе се натпреварува на Лагуна Сека.” Лоренцо повторно го повреди рамото на тренингот во Сашенринг. Снимките покажаа дека тој ја оштетил титаниумската плочка што му беше вметната пред две недели. Поради тоа мораше да ја пропушти трката во Германија и се врати во Барселона каде повторно му беше извршена операција. Ривалот на Лоренцо, Дани Педроса, исто така се повлече од трката во Сашенринг по несреќата која ја имаше на првиот свиок. Тој се пожали на вртоглавица и не му беше дозволено да се трка.
И покрај тоа што Маркез го превзеде водството во шампионатот, разликата помеѓу Педроса и Лоренцо остана иста.
Се чини дека Педроса ќе биде подготвен за трката во Лагуна Сека. Сеуште не е познато дали Лоренцо ќе остане во Шпанија или ќе ризикува и ќе учествува на трката.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: