Сем Ловс разговараше со motogp.com за неговата одлична Moto2 сезона и за неговите планови за 2016 година и понатаму.

Сем Ловс го заврши светскиот шампионат во Moto2 за 2015 година на четвртото место со освоени 186 поени. Британецот ја оствари неговата прва победа на трката во Остин. Покрај тоа уште чети пати се качи на подиумот. И во 2016 година, Ловс ке остане во Moto2 шампионатот но ќе премине во тимот Gresini Racing каде што ќе вози Kalex. Во 2017 година ќе премине во MotoGP класата со Aprilia:

Заврши сезоната 2015. Кое е твоето мислење?

  • Мислам дека беше многу позитивна сезона за мене. Секако дека како натпреварувач сакаш постојано да победуваш и да бидеш шампион, но направив навистина голем исчекор од 2014 година и успеав да бидам конзистентен и брз на секоја трка. Затоа сум задоволен со оваа сезона. 

Четири места на подиумот плус една победа и сезоната ја заврши на четвртото место. Ова е твоја втора сезона и тоа воопшто не е лошо...

  • Да, воопшто не беше лошо. Но требаше да освоиме повеќе подиуми. Но сепак, ова е моја втора сезона и задоволен сум што напредував толку. Но сега треба да напредувам уште повеќе. 

Во 2016 година ќе преминеш во тимот на Gresini Racing. Кои се твоите цели?

  • Да бидам светски шампион.

Каква ќе биде разликата со тебе на Kalex мотоцикл. Можеш ли да го споредиш со претходниот мотоцикл?

  • Го тестирав Kalex и веднаш се заљубив во него. Тој е полесен за возење, имаш подобро чувство на него и подобар е при влегување во свиоци. И двата мотоцикли се добри. Но следната сезона и јас ќе имам ист мотоцикл како и останатите возачи, па можеби ќе ми помогне да се подобрам.

Како Британски возач, дали тоа што го имаш првиот Британски Светски Шампион покрај тебе те инспирира?

  • Да, ме инспирира и среќен сум за Британскиот мотоспорт бидејќи тој го постигна тоа. Но за мене целта е секогаш да се обидам да победам. Британските фанови се најдобри и се надевам дека ќе им се оддолжам за поддршката.

Има ли некои возачи кои мислиш дека ќе изненадат во Moto2 следната сезона?

  • Мислам дека во Moto2 сите се способни да изненадат. Според мене, Кент и Оливеира би требало да бидат силни. И Балдасари ја заврши оваа сезона добро. Исто така и двајцата возачи од Marc VDS ќе се подобрат. Според мене, Зарко и Ринс ќе се борат за титулата. Секако дека и јас ќе бидам меѓу нив!! Но навистина, можам да ви набројам најмалку 15 возачи за кои мислам дека се способни да остварат победа.

Во 2017 година ќе преминеш во MotoGP шампионатот со Aprilia. Колку е важно за тебе да го имаш овој прогрес и веќе потпишаниот договор?

  • За мене ова е навистина важно бидејќи јас сум различен од останатите возачи. Тука сум само две години и немам толку многу искуство. Затоа и не е лесно да се добие шанса. Поради тоа сум навистина благодарен и се надевам дека ќе отидам таму како Moto2 светски шампион.

Дали ќе го тестираш MotoGP мотоциклот за време на следната сезона?

  • Да, ќе тестирам следната сезона. Тоа ќе биде повеќе за мене, да се навикнам на мотоциклот и за тимот да ги добие потребните податоци.

Дали мислиш дека ќе ти биде предност или не тоа што ќе ја пропуштиш првата сезона со Мишелин пневматици во MotoGP?

  • Мислам дека кога и да отидеш во MotoGP ќе ти биде тешко, и дека ќе треба многу да учиш. Таму се најдобрите тимови и возачи. Кога ќе отидам таму, ќе работам напорно и ќе видиме што ќе се случи.
Back To Top