Хорхе Лоренцо не е единствениот возач на Yamaha кој преминал во Ducati. Во 2011 истиот трансфер го направи и Валентино Роси.

Стартот на сезоната 2016 ни донесе три навистина возбуливи трки, но во моментов најмногу се зборува за Хорхе Лоренцо. На неколку дена пред оддржувањето на четвртата трка од шампионатот, беше потврдена информацијата дека Лоренцо ќе премине во тимот на Ducati во 2017 година. Од тој момент сите се прашуваат каков ќе биде неговиот настап следната сезона. Од возачи па се до експерти, сите го искажуваат своето мислење, но сигурно најдобро знае човекот кој го направи истиот трансфер пред неколку години, Валентино Роси.

46 rossil75 7362 0.middle

Пресконференцијата на Роси беше полна со прашања за трансферот на неговиот тимски колега. „Тешко е да кажам, но мислам дека е горе-доле исто. Различно е во поглед на тоа дека сум постар но исто е во однос на моментот во кариерите на двајцата. Се чини дека Ducati во последните две сезони значително се подобрија и имаат компетитивен мотоцикл, но сепак тој е различен од мотоциклот на Yamaha. Лоренцо е добар возач и мислам дека ќе биде компетитивен со Ducati.“ 

Back To Top