Според возачот на Yamaha, комбинацијата меѓу стилот на возење и мотоциклот на Honda му помагаат на Шпанецот да се задржи на патеката.

На патот кон четвртата шампионска титула која ја освои минатата година, Марк Маркез неколкупати успеа да се спаси и да не излета надвор од патеката. Меѓу нив дефинитивно може да се вброи и последната трка од сезоната во Валенсија кога Шпанецот имаше голема среќа и успеа да остане на патеката.

20182F032FMarc Marquez Repsol Honda Team

Валентино Роси го пофали Маркез за неговата способност да ги избегнува несреќите но вели дека во иднина не може да се смета дека тој има многу среќа. Според возачот на Yamaha, комбинацијата меѓу стилот на возење и мотоциклот на Honda му помагаат на Шпанецот да се задржи на патеката.

„Импресивно е она што го прави бидејќи многу малку излетува надвор од патеката,“ вели Роси. „Минатата сезона се спаси толку многу пати и не може секогаш за тоа да се каже дека е среќа. Според мене, тој работел да ја подобри својата техника, а неговиот стил на возење дополнително му помага во тоа.“

Роси тврди и дека доколку Маркез се обиде да го направи истото но со некој друг мотоцикл, падот би бил неизбежен.

„Не верувам дека е до електрониката туку мислам дека е до самиот мотоцикл.“

Back To Top