Ќе ви понудиме нешто кое веројатно ќе биде најблиску што ќе успеете дојдете до возење на MotoGP мотоцикл. Сето тоа е постигнато благодарение на технологијата на Виртуелна реалност.

Тажен факт е дека големи се шансите никогаш во вашиот живот да не се качите на MotoGP мотоцикл. Дури и најдобрите од нас, оние кои стануваат професионални тркачи имаат многу мали шанси да возат некоја од овие совршени машини кои имаат повеќе од 250 коњски сили.

Кога ќе почнете да пресметувате колкав е вкупниот број на лица кои возеле MotoGP машина, ќе дојдете до број кој е значително помал од бројот на луѓе кои успеале да отидат во вселената (според нашата пресметка, нивниот број изнесува 533), и тоа е навистина импресивно.

suzuki motogp vr virtual reality

Сега кога веќе го знаеме ова, ќе ви понудиме нешто кое веројатно ќе биде најблиску што ќе успеете дојдете до возење на MotoGP мотоцикл. Сето тоа е постигнато благодарение на технологијата на Виртуелна реалност.

Виртуелната реалност се уште не е толку честа на пазарот иако некои од работите кои ги нудат компаниите како што се Oculus и HTC се навистина интересни, а и поевтини со секој нов производ кој се појавува на пазарот.

Убеден сум дека во иднина овој спорт ќе се пренесува во живо со помош на виртуелната реалност. Замислете си само како ја следите MotoGP трката седнати на задното седиште на мотоциклот на Валентино Роси.

ECSTAR Suzuki MotoGP тимот за време на неодамнешните тестови во Валенсија го опреми својот тркачки мотоцикл со неколку камери, а Андреа Ианоне и Алекс Ринс имаа камери и на кацигите.

Доколку немате соодветна опрема, од корист може да ви биде и вашиот телефон со оглед на тоа дека поголемиот дел од новите модели имаат вграден IMU и можат да го следат вашето движење.

Back To Top