Водечкиот во генералниот пласман во МотоГП шампионатот, Валентино Роси, изјави дека сè уште е рано да се размислува за трки во кои ќе брка поени наместо победи.

Водечкиот во генералниот пласман во МотоГП шампионатот, Валентино Роси, изјави дека сè уште е рано да се размислува за трки во кои ќе брка поени наместо победи.
Викендов на патеката Брно во Чешка се вози 11-та рунда од вкупно 18 колку што се предвидени за оваа сезона, а Валентино Роси во генералниот пласман е водечки со 195 поени пред Хорхе Лоренцо со 186 и Марк Маркез со 139 поени.
Трката во Индијанаполис минатиот викенд за Лоренцо беше намалување на предност на Роси на само 9 поени, додека пак Маркез благодарение на победата во Инди се искачи на третата позиција со заостанување од 56 поени зад водечкиот.
На прашањето што е поважно за освојување на титулата, победите или конзистентноста, Роси изјави: „Двете работи се важни, има уште 8 трки за возење. Се што треба да правиме е да го дадеме максимумот без притоа да правиме грешки. Победите исто така се важни бидејќи така се зголемува разликата во поени.“
Квалификациите беа голем проблем за Роси во текот на досегашната сезона, проблем за кој и самиот тој е свесен: „Во Инди немавме добар почеток од првата сесија во петокот, во Брно ќе се обидеме да го промениме од самиот старт“ - изјави 36 годишниот Роси.
„Квалификациската сесија навистина е лоша за мене, тоа е мојата слаба страна. Морам да се обидам да дојдам до подобар резултат на квалификациите за да имам успешна трка, посебно затоа што Хорхе и Маркез се брзи од самиот старт. Разликата која ја губам на почетокот од трката тешко се надополнува подоцна.“

Коментари