MotoGP

Викендов се вози 12. рунда од МотоГП шампионатот

На легендарната патека Силверстоун во Британија овој викенд ќе се одржи 12. рунда од МотоГП шампионатот.

Следете нè на:

 

motogp silverstone 2014Стартот на трката на Силверстоун во 2014 година

На легендарната патека Силверстоун во Британија овој викенд ќе се одржи 12. рунда од МотоГП шампионатот. Со повеќе од 60 години историја Силверстоун стана една од нај престижните патеки во светот на мото спортот. 

По реновирањето кое заврши во 2010 година патеката стана една од нај возбудливите во шампионатот, мулти милионскиот договор за обнова ги вклучи патеката но и придружните објекти со што стана патека која е омилена како кај возачите така и кај публиката. 

Патеката со должина од 5,9км е составена од 18 свиоци, 8 леви и 10 десни, има ширина од 17м. и најдолг правец со должина од 770м.

Минатата година на Силверстоун Марк Маркез беше најбрз, тој го освои Британското Гранд При пред Хорхе Лоренцо и Валентино Роси. Оваа година се очекува борба за пиедесталот помеѓу истите возачи. Лоренцо и Роси се водечки во шампионатот со израмнет број на бодови, додека пак Маркез е на третата позиција со 52 бода заостанување зад возачите на Јамаха.

Пренос од сите возбудувања во живо ќе има на Спорт Клуб каналите според следната саатница:

  SporKlub 1 - Петок (28.08.2015)
10:00 Moto GP Silverstone – Тренинг 1 Moto 3 во живо
10:55 Moto GP Silverstone – Тренинг 1 Moto GP во живо
11:55 Moto GP Silverstone – Тренинг 1 Moto 2 во живо
14:10 Moto GP Silverstone – Тренинг 2 Moto 3 во живо
15:05 Moto GP Silverstone – Тренинг 2 Moto GP во живо
16:05 Moto GP Silverstone – Тренинг 2 Moto 2 во живо

 

  SportKlub 2 - Сабота (29.08.2015)
10:00 Moto GP Silverstone - Тренинг 3 Moto 3 во живо
10:55 Moto GP Silverstone - Тренинг 3 Moto GP во живо
11:55 Moto GP Silverstone - Тренинг 3 Moto 2 во живо
13:35 Moto GP Silverstone - Квалификации Moto 3 во живо
14:30 Moto GP Silverstone - Тренинг 4 Moto GP во живо
15:10 Moto GP Silverstone - Квалификации Moto GP во живо
16:05 Moto GP Silverstone - Квалификации Moto 2 во живо

 

  SportKlub 1 - Недела (30.08.2015)
10:00 Moto GP Silverstone – Warm Up Moto 2 во живо
10:30 Moto GP Silverstone – Warm Up Moto GP во живо
11:00 Moto GP Silverstone – Warm Up Moto 3 во живо
12:20 Moto GP Silverstone – Трка Moto 2 во живо
14:00 Moto GP Silverstone – Трка Moto GP во живо
15:30 Moto GP Silverstone – Трка Moto 3 во живо

За оние кои ги немаат Спорт Клуб каналите во својата ТВ понуда, стриминг ќе биде достапен на: http://www.sportcategory.com/c-10.html

Би можело да ве интересира

Пол Еспаргаро има само една цел во текот на зимската пауза: Да оздрави.

На два дена пред официјалното претставување на MotoGP тимот на Honda, Хорхе Лоренцо ќе мора да оди на операција

За Аргентинецот, Николас Кавиглиасо, релито Дакар 2019 беше само второ учество на овој настан. Но и покрај тоа, тој доминираше на поголем дел од трката и со неговата Yamaha YFZ-400 успеа да стигне до првата позиција.

МотоГП тимот на Дукати денеска официјално го претстави Desmosedici GP19.

„Во моментов ми се случуваат навистина убави работи. Треба само да продолжам да работам. Како стареам така чувствувам дека станувам се подобар“ – Џек Милер

Австралиецот Тоби Прајс победи на Релито Дакар 2019. 31 годишниот возач ги надмина сите очекувања откако целото рели го возеше со повреда на раката. Ова е втора победа на Дакар за Прајс откако истото му успеа и во 2016 година.  Во 2017 година ја скрши ногата на четвртата етапа а минатата година заврши на второто место.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.