(Време на читање: 1 минута)


Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, вели дека целта му е освојување минимум место на подиумот на трката која се вози во Брно овој викенд.

Возачот на Movistar Yamaha, Валентино Роси, вели дека целта му е освојување минимум место на подиумот на трката која се вози во Брно овој викенд.

Роси во моментов се наоѓа на четвртото место на табелата со заостанување од само 10 поени зад лидерот Марк Маркез. Возачот на Movistar Yamaha кој има неверојатен рекорд на патеката во Брно вели дека мора да освои место на подиумот бидејќи во следните неколку трки борбата за титулата ќе стане уште пожестока.

IMGP7640

„Се одморив за време на празниците. Поминав долго време со пријателите но сега се вратив на подготовките и се чувствувам одлично. Вежбав во теретана но сега сакам да се вратам на мојот мотоцикл и да работам заедно со тимот. Се уште трае борбата за титулата и мораме да работиме напорно за секогаш да бидеме на врвот. Ќе биде важно да сме брзи уште од првата сесија.“

Роси досега има постигнато четири победи на патеката во Брно од кои последната во 2009 година.

Пријавете се на неделниот билтен за да ги добивате сите нови содржини директно во вашето сандаче.

Коментари

Back To Top

Ти се допадна ова што го прочита?

Следи нè на социјалните мрежи: