После 38 години, Гран При трките се враќаат во Финска. Денеска Dorna потврди дека постигнале пет годишен договор со патеката „KymiRing“ која ќе биде домаќин на MotoGP од 2019 година.

После 38 години, Гран При трките се враќаат во Финска. Денеска Dorna потврди дека постигнале пет годишен договор со патеката „KymiRing“ која ќе биде домаќин на MotoGP од 2019 година.

Договорот беше потпишан во 2016 година, а според оригиналниот план наптреварувањето требаше да започне од 2018 година. Но поради одредени проблеми тоа беше одложено за една година.

motogp pateka finska

Иако има напредок, сепак организаторите се уште ги чека многу работа.

Патеката се очекува да биде сосема различна од нејзините претходници. Новата патека се наоѓа на 110 километри северно од Хелсинки. Ќе има должина од 2.8 километри и вкупно 18 свиоци од кои 9 на лево и 9 на десно. Со оваа патека, вкупниот број на трка во 2019 година ќе се искачи на 20. Иако трката во Тајланд се очекува да се оддржи во 2018 година таа се уште нема добиено официјална потврда. Бројот на трки би можел да се зголеми на 21 доколку биде најдено и соодветно место во Индонезија и доколку биде постигнат договоро со индонезиската влада за нејзина изградба. Постоеа гласини дека Шпанските трки би можеле да отпаднат од календарот но тие сепак успеаа да се договорат со Dorna.

Но за да се компензира за проширувањето, претсезонските тестови ќе бидат откажани. Во 2018 година тестот кој требаше да се оддржи на Филип Ајленд е преместен да се оддржи на патеката во Тајланд со цел возачите, а исто така и Michelin подобро да се започнаат со неа.

Но од 2019 година ќе се оддржуваат само два претсезонски теста, во Сепанг и Катар. Постои и барање да се намали само на еден претсезонски тест кој би се оддржал во Сепанг, но сепак производителите остро се противат на таквата идеја. Проширувањето на календарот исто така не е популарно и меѓу возачите и тимовите. Но сепак, проширувањето ќе им донесе повеќе пари на тимовите и тоа би можело да одигра клучна улога во убедувањето на сопствениците да ја прифатат ваквата идеја.

Back To Top