MotoGP

Роси: Младите MotoGP ѕвезди се силни, но не се на повисоко ниво

Доколку Валентино Роси не успее да се искачи на подиумот пред домашните фанови на трката во Муџело овој викенд, ќе го изедначи неговото најдолго отсуство од подиумот како возач на Yamaha.

Следете нè на:

 

rossi actionРоси не се предава

„За мене не е во ред да се зборува за ‘друго ниво’- тоа е различно. Младите возачи се силни, тоа е точно.Тие се следниот модел.”

Доколку Валентино Роси не успее да се искачи на подиумот пред домашните фанови на трката во Муџело овој викенд, ќе го изедначи неговото најдолго отсуство од подиумот како возач на Yamaha.

Тоа се случи во 2007, кога Роси четири пати по ред не успеа да избори место на подиумот со првата верзија на 800cc M1.

Враќајќи се во Yamaha по две неуспешни сезони во Ducati,Роси ја започна оваа сезона во стил со освојување на второто место во Катар,но неуспеа да ја повтори формата во следните три трки.

„После првата трка во Катар, која беше многу добра за мене, имав мали проблеми. Очекувавме да бидеме посилни, особено во Херез и Ле Ман на сува патека. На влажна патека не бев толку лош, но направив грешка и ги уништив шансите за добар резултат,” изјави Роси.

„Сеуште имаме работа, мораме да ја зголемиме мојата брзина и потенцијал. Мислам дека можеме да го направиме тоа. Маркез, Лоренцо и Педроса се навистина силни, а исто така и Кал Кратчлоу е добар.”

„Сега во MotoGP треба да бидеш 100% подготвен на сите тренинзи, а во недела попладне треба да бидеш и над 100% доколку сакаш да бидеш лидер од почеток до крај. Тоа е тешка работа, но исто е за сите и ние мораме да се обидеме.”

Но Роси, кој ја освои својата седма и последна титула во 2009 година, негираше дека нивото на возачите кои се лидери во MotoGP се зголемило во изминативе сезони.

„За мене не е во ред да се зборува за ‘друго ниво’- тоа е различно. Младите возачи се силни, тоа е точно. Тие се следниот модел.”

„Исто така и начинот на кој се вози мотоциклот многу се промени во изминативе години. Сега треба да направите различни трикови со вашиот мотоцикл што за ‘стар возач’ како мене се тешки.”

 

Би можело да ве интересира

Не е необично кога одредена компанија со цел да привлече што е можно поголемо внимание, одлучува за време на некое мото шоу да претстави мотоцикл кој се базира на некој иден модел. Но R18 "Departed" кој го видовме за време на мото шоуто во Јокохама има уникатен 1800cc мотор.

„После 20 години прекинува прозиводството на големиот мотоцикл на Suzuki“

„Новиот фабрички возач на КТМ, Јохан Зарко, нема да се обиде да го копира агресивниот стил на возење на Пол Еспаргаро“

„Детали за 41-то издание на најпознатата трка на издржливост во светот“

Белгијците и нивното чоколадо едноставно не можат да бидат разделени, а тоа особено важи за Белгискиот MotoGP возач и иден Moto-E натпреварувач, Хавиер Симеон. Го посетивме во неговата продавница за чоколади за да го прашаме како успева да му одолее на искушението.

„Дани Педроса ќе го има своето деби со KTM RC16 на тестот кој ќе се оддржи во Херез кон крајот на месецов“

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.