„Докторот“ сега е решен да ги надмине проблемите со предниот дел од мотоциклот и да постигне добар резултат на патеката во Остин.

Сонот на Валентино Роси за освојување на титулата минатата сезона почна полека да се распаѓа откако не успеа да ја заврши трката во Остин. Оваа сезона Италијанецот на патеката пристигнува како втор во генералниот пласман, веднаш зад неговиот тимски колега Маверик Вињалес, откако успеа да се искачи на подиумот на трките во Катар и Аргентина.

rossi usa 1

„Докторот“ сега е решен да ги надмине проблемите со предниот дел од мотоциклот и да постигне добар резултат на патеката во Остин.

„Среќен сум што сум во Тексас. Навистина ми се допаѓа Остин. Првите две трки од сезоната поминаа добро и се надевам дека ќе ги подобрам перформансите за време на слободниот тренинг,“ изјави Роси. „Не чека многу работа, но имам доверба во мојот тим. Остин е навистина тешка патека и ми се допаѓа кога возам тука.“

„Сакам да ги израмнам сметките со оваа патека бидејќи минатата година почнав добро но за несреќа направив грешка. Оваа година ќе се обидам да имам добра трка. Ми се допаѓа и атмосферата на оваа патека и секогаш сум среќен кога возам тука.“

Роси заостанува 14 поени зад Вињалес, а има предност од 16 односно 23 поени пред Андреа Довициозо и Марк Маркез.

Доколку Роси успее да постигне победа, таа би била вкупно 500-та за Yamaha на Гран При трките.

Back To Top