„Во Катар немавме проблеми со сетапот но во Аргентина се појавија проблеми. Верувам дека во Остин ќе бидеме компетитивни “ - Андреа Довициозо

Откако две сезони по ред не успева да ја заврши трката во Аргентина, Андреа Довициозо сега заминува во Остин, патека на која минатата година исто така излета поради грешка на друг возач.

dovi austin

„Бев многу разочаран после Аргентина но сега мораме да мислиме на следната трка. Ова е фантастична патека, една од најдобрите во шампионатот која има поинакви карактеристики од Катар и Аргентина,“ изјави Возачот на Ducati.

„Тука имам постигнато добри резултати, особено во 2014 и 2015 година кога успеав да се искачам на подиумот. И минатата сезона работите се одвиваа добро се додека не ме удри Педроса.“

Сезонава почна добро за Довициозо откако успеа да го освои второто место во Катар, но имаше проблеми на врнежливата трка во Аргентина.

„Ако сакаме повторно да го фатиме победничкиот ритам, тогаш патеката во Остин е одлична можност за тоа. Во Катар немавме проблеми со сетапот но во Аргентина ги имавме и се мачевме цел викенд.  Верувам дека тука ќе бидеме компетитивни.“

Довициозо во моментов се наоѓа на третото место во шампионатот веднаш зад возачите на Yamaha, Маверик Вињалес и Валентино Роси.

Back To Top