MotoGP

Ринс подготвен да го предводи напредокот на Suzuki

„И покрај тоа што е релативно млад, тимскиот менаџер Давиде Бривио е сигурен дека Алекс Ринс може да го предводи напредокот на тимот.“

Следете нè на:

 

Можеби уште го сметаат за дебитант, но тимскиот менаџер на Suzuki, Давиде Бривио е убеден дека Алекс Ринс е способен да допринесе во развојот на мотоциклот. Ринс, кој има 23 години е најмладиот возач кој ќе биде предводник на еден фабрички тим. Сепак, Бривио смета дека тој ќе се соочи со многу малку проблеми пред се поради искуството кое го стекна во текот на минатата зима. 

Од она што можеше да го забележи кај Ринс, Бривио вели дека тој е возач кој може да обезбеди одлични повратни информации од тестовите.

„Можам слободно да кажам дека во текот на минатата зима, Алекс сам го направи изборот и сам ги одбра деловите. Во текот на зимата ја тестиравме шасијата, моторот, задната вилушка како и уште неколку други делови.“

„Алекс сам го направи изборот и сам го креираше пакетот кој што го користи. Ни стана јасно дека тој е навистина добар во ова и точно знаеме што сака и што му е потребно. Верувам дека е подготвен за предизвикот кој се наоѓа пред него бидејќи истото го направи и минатата година. Можеби на почеток помошта од Силвиан ќе му биде добредојдена, би било добро за него да добие потврда за напредокот од страна на друг возач.“

Пет места на подиумот и шест пати меѓу најдобрите возачи во текот на минатата година го однесе Ринс на петото место на табелата и го подобри резултатот кој го постигна Маверик Вињалес во 2016 -та.

rins suzuki 2

„Среќни сме бидејќи од трка во трка гледаме напредок кај Ринс. Тој постојано учи и напредува“ , вели Бривио. „Тој е многу брз, а добар беше и на неколку настапи после трката во Австрија. Но Аргентина беше специјална трка. После тоа во голема борба со најдобрите возачи се искачи на подиумот на трката во Асен.“

„Во Австрија, Мисано, Арагон, а особено на трката во Тајланд постојано беше во групата на најдобри возачи. Тоа е многу добро и многу ветува. Но, сѐ уште имаме многу работа. Сѐ уште за него сметаме дека е дебитант бидејќи има уште работи кои треба да ги научи.“

Ринс беше сосема спротивен од неговиот тимски колега Андреа Ианоне кој во вториот дел од  шампионатот постојано се жалеше на оштетување на задната гума. Како се справува со пневматиците но и со се она што се случува за време на трката го импресионираше Бривио.

„Сакам да кажам дека Алекс е особено добар во менаџирањето со пневматиците. На пример во Мисано, каде што имавме мал проблем и требаше да внимаваме на пневматиците, тој заврши одлична работа,“ вели Бривио.

„Тој е способен да се справи со секој предизвик кога го бараме тоа од него. Тој е млад но веќе знае како да се справи со предизвиците кои се појавуваат за време на трката. Работите кои ги прави понекогаш делуваат како да се премногу лесни за него. Едноставно му доаѓаат природно и се чини како да не вложува премногу напор.“

„Мораме да го искористиме неговиот потенцијал и целта ни е да биде конзистентен следната година. Планираме да работиме по напорно за време на квалификациите со цел да бидеме во првите неколку редови. Има неколку мали работи кои можат да му помогнат да биде подобар возач.“

Бривио смета дека и новиот возач на тимот, Хуан Мир веќе покажал потенцијал дека може да постигне добри резултати.

„Очекувам на Мир да не му треба премногу време. Со оглед на тоа дека е дебитант, ќе му треба одреден период да се прилагоди, но Хуан е личност која ќе може да ја заврши оваа работа. Сепак, на почеток ова не ни е приоритет. Најпрво треба да го одбереме вистинскиот пакет.“

Би можело да ве интересира

Сега откако пред-сезонските програми веќе се финализирани и се знаат целите за сезоната 2019, разгледавме што му е потребно на секој тим во сезоната која претстои. За време на заедничката прес конференција на сите тимски менаџери, секој од шефовите на екипите откри какви им се приоритетите во текот на зимските тестови.

Зборувајќи за Crash.net, Скот Рединг открива која е единствената работа за која жали што не ја направил за време на неговиот  11 годишен престој во Гран При трките:  Губењето на титулата во Moto2  серијата во 2013 година.

„Некои луѓе ни се смеат и мислат дека направивме голема грешка.Но ова е само почеток“ - Ерв Поншарал зборува за новата Tech3 KTM MotoGP ера

Откако загуби 20 минути за време на шестата етапа, се чинеше дека заврши сонот на Сем Сандерленд да го повтори успехот од сезоната 2017. Сепак, откако успеа да стигне до победа на седмата етапа, тој повторно се врати во игра за првата позиција.

Шефот на Suzuki, Давиде Бривио вели дека губењето на концесијата била главната цел на Suzuki минатата година. Предупредува дека следната сезона ќе има поголем притисок.

MotoGP сезоната 2019 претставува нов почеток за возачот на Petronas Yamaha, Франко Морбидели. Поранешниот Moto2 шампион премина од тешката за возење Marc VDS RC213V машина на фабричката Yamaha која треба да биде иста со онаа која ја има неговиот ментор и менаџер, Валентино Роси.

Бидете информирани за сите новости директно на вашата е-маил адреса
Реклами

Ви благодариме

За тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.