Новиот возач на Repsol Honda имаше убав старт на годината.
Пред Пол Еспаргаро е голема година. Шпанскиот возач, кој официјално од 1-ви јануари е дел од Repsol Honda, доби големо изненадување од тимот. Враќајќи се дома од тренинг, во дворот од неговата куќа го пречека новиот Honda RC213V.
Шпанецот вели дека бил вложен голем труд за овој мотоцикл да го добие бројот 44, бројот со кој ќе настапува во новата сезона од MotoGP шампионатот. Исто така вели и дека одамна сонувал еден ден да ги носи боите на Repsol Honda.
Еспаргаро смета дека сите возачи во серијата сакаат да го победат HRC. Сега има можност да му се исполни сонот, да се бори за најдобриот резултат а во исто време да ја дели гаражата со Марк Маркез.
Би можело да ве интересира
Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.
Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.
КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.
2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.
2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.
2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.