MotoGP

Ќе се оддржи MotoGP тестот во Сепанг, се чека официјално одобрување од владата на Малезија

Остануваат на сила плановите за оддржување на MotoGP тестот во Сепанг следниот месец. На истиот настан, Petronas Yamaha ќе го престави тимот за сезоната 2021.

Следете нè на:

 

Остануваат на сила плановите за оддржување на MotoGP тестот во Сепанг следниот месец. На истиот настан, Petronas Yamaha ќе го престави тимот за сезоната 2021.

Иако се уште се чека официјално одобрување од страна на Малезиската влада, останува планот следниот месец да се оддржи MotoGP тестот во Сепанг. На истиот настан, Petronas Yamaha најави и дека ќе ги престави машините со кои ќе настапат во 2021 година.

Доколку се оддржи тестот, тој ќе биде прв кој се случува надвор од Европа од почетокот на пандемијата.

Сепак, во земјата на сила е забрана за влез на странци кои немаат дозвола а исто така има и задолжителен карантин. За да може да се оддржи тестот според планираното, одделот за имиграција треба да им издаде специјално одобрување на MotoGP возачите.

За да ја добијат дозволата, екипите очекуваат протоколи кои ќе бидат слични на оние кои беа воведени минатата сезона, вклучувајќи ПЦР тест пред и по стигнувањето во државата како и ограничување на движењето.

 DSC4672 copy

Ваквите протоколи ќе бидат применети и за време на официјалното преставување на Petronas Yamaha кое ќе се оддржи на патеката во Сепанг по завршувањето на официјалниот тест.

На презентацијата, на која ќе бидат преставени Валентино Роси и Франко Морбидели и каде ќе биде откриен новиот 2021 YZR-M1, најверојатно нема да биде дозволен пристап за медиумите. Според информациите, целиот настан ќе може да се следи онлајн.

После Сепанг, вториот и финален тест ќе се оддржи во Катар од 10-ти до 12-ти март. На истата патека на 28-ми март е закажана и првата трка од сезоната, иако првичниот календар кој можете да го погледнете подолу сигурно ќе претрпи промени со оглед на порастот на бројот на заболени со Ковид 19.

Round

Date

Race

 

Circuit

1

28 March

 

Qatar

Losail

2

 

11 April

Argentina

Termas de Rio Hondo

 

3

18 April

Americas

 

COTA

4

2 May

 

Spain

Jerez

5

 

16 May

France

Le Mans

6

30 May

Italy

Mugello

7

6 June

Catalunya

Barcelona

8

20 June

Netherlands

Assen

9

27 June

Germany

Sachsenring

10

11 July

Finland*

KymiRing

11

 

To Be Decided

 

12

15 August

Austria

Red Bull Ring

13

29 August

Great Britain

Silverstone

14

12 September

Aragon

Aragon

15

19 September

San Marino e Della Riviera di Rimini

Misano

16

3 October

Japan

Motegi

17

10 October

Thailand

Buriram

18

24 October

Australia

Phillip Island

19

31 October

Malaysia

Sepang

20

14 November

Comunitat Valenciana

Ricardo Tormo

motul makeodnija

Би можело да ве интересира

Шесткратниот MotoGP шампион Марк Маркез ја заврши евалуацијата после операцијата која му беше направена во декември.

Возачот почина за време на транспортот од Џеда до Франција.

КТМ и формално потврди дека ќе биде дел од MotoGP уште пет години а до крајот на сезоната 2026 на патеката се очекува да има четири RC16 машини.

2021 Sepang MotoGP Shakedown е префрлен во Катар.

2021 Sepang Shakedown и официјалниот MotoGP тест се откажани.

2021 Kawasaki Ninja 400 пристигнува во две верзии, со и без ABS.

Реклами

Листа на мото настани

Благодарност!

Ви благодариме за тоа што споделувате содржини и го поддржувате нашиот веб сајт.